Ако го направите ова - заборавете на секс!
Додека мажите често пати се загрижени само за она што се случува за време на сексот, жените се нешто покомплицирани. Тие многу внимание му посветуваат и на она што се случува по сексот.
Ако сте помислиле дека сè одлично завршило, сте го добиле нејзиното внимание, сте се погрижиле таа да има оргазам пред вас... потоа се прашувате - зошто не сака повеќе со вас во кревет?
Можеби сте направиле некоја од овие грешки кон кои се склони многумина мажи.
Веднаш по сексот, сте се завртиле на другата страна и сте заспале
Можеби мислите дека овој потег е нешто сосема нормално и природно. Сепак денес сте имале напорен ден, а сте се погрижиле сè да помине во најдобар ред, што се однесува до сексот. Едно е јасно, ако мажот и го сврти грбот на партнерката веднаш по сексот, за жените тоа значи само едно – нечувствителност.
Како да се постапи во ваква ситуација, особено ако по сексот ви се спие? Едноставно гушнете се.
Веднаш по сексот, сте станале и сте почнале да работите нешто друго
Ова е прифатливо ако се работи за секс на брзина. Ако заспиете веднаш по сексот, тогаш сте нечувствителен, но ако станете и веднаш почнете да работите нешто друго, тогаш се однесувате како кретен.
Можеби сте полни со енергија и сакате де бидете продуктивни, но тоа неа и зборува дека она што сте го имале со неа не ви е важно.
Како да постапите во ваква ситуација, ако навистина морате да направите нешто важно? Нема ништо да ви се случи ако во креветот останете малку подолго. Галете се, бакнувајте се, а потоа нежно спомнете дека морате да станете и да завршите нешто важно.
Веднаш по сексот сте го грабнале далечинскиот управувач
Ова не значи дек апо сексот не можете да гледате ТВ, само не е добро веднаш по сексот повеќе внимание да му посветите на телевизорот отколку на партнерката која што лежи покрај вас. Прво малку нежности , а потоа прашајте ја дали ќе и пречи да го вклучите телевизорот. И немојте да заборавите да ја вклучите и неа, важно е партнерката да не се чувствува како да сте заборавиле на неа.