Жените повеќе сакаат компјутерџии отколку мачо мажи
Според најновите истражувања, жените денес повеќе сакаат мажи кои се разбираат во технологија и компјутери, отколку мажи кои на пример, умеат да поправат автомобил. Повеќе не се во мода мачо мажи како Дејвид Ганди и Даниел Крејг, туку мажи од типот на Марк Закерберг, основачот на Фејсбук.
Анкетата покажала дека 59 проценти од испитаниците од понежниот пол повеќе им се восхитуваат на мажите кои умеат да поправат компјутер отколку на оние кои што знаат да поправат автомобил.
Епитетот „техно-сексуалец“ е толку популарен што дури 40 проценти од анкетираните мажи признале дека сакаат да се пофалат дека се разбираат во технологија повеќе отколку што навистина се разбираат за да остават подобар впечаток на спротивниот пол.
Меѓутоа, треба да се биде внимателен, бидејќи 80 проценти од жените изјавиле дека не им веруваат на мажите кои што многу зборуваат за своите вештини, додека не ги видат на дело.
Стручњаците претпоставуваат дека до ваков пресврт дошло поради побрзиот начин на живот и поради фактот дека сè повеќе сме зависни од компјутерите и разните гаџети, па поради тоа имаат предност оние кои умеат нив да ги користат.