Кој дел од денот е најдобар за секс?
Истражувањето на "The Date Report" покажало дека мажите и жените најдобар секс може да доживеат околу 20 часот. Тоа не треба да ве чуди бидејќи луѓето тогаш се најопуштени, но и не треба да се потценува утринското водење љубов.
Сексот е нормален во првата година од бракот, секојдневно или повеќе пати во текот на денот. Тогаш саатницата и распоредот не се важни, туку само страста. Подоцна се смета за нормално од еднаш до три пати во текот на седмицата, обично во вечерните часови.
Луѓето тогаш се најопуштени. За време на викендот вообичаено е луѓето да бидат сексуално активни во текот на денот. Сето тоа зависи од навиката, но треба да се знае дека утринскиот секс е многу квалитетен. Сончевата енергија и светлоста на денот имаат значителна улога во сексуалните барања, тогаш е подобра функцијата на хормоните па не треба да е чудно зошто мажите најмногу го сакаат утринскиот секс.
Од 6 до 8 часот наутро
Жените се будни, но не се подготвени за секс поради високото ниво на мелатонин и ниската телесна температура. Мажите, од друга страна, својот врв на сексуална возбуда го доживуваат баш во овој период.
Заклучок: Од 6 до 8 часот наутро е одлично за мажите, но не е идеално за жените.
Од 8 до 10 часот наутро
До овој период жените потполно се разбудени и подготвени се за секс. Во текот на овие часови жените го достигнуваат највисокото ниво на ендорфини, па можат полесно да се возбудат. Ниво на тестостерон кај мажите, кое било на врвот во раните утрински часови, сега се враќа во нормала.
Заклучок: Жените се подготвени, а мажите нешто помалку отколку рано наутро, но тоа веројатно ниту на еден алфа мажјак нема да му пречи.
Од пладне до 14 часот
Жените во овој период се оптоварени со сите дневни задачи кои ги вршат, па сексот и не е на листата на приоритети. Мажите се склони да се занимаваат со мисли за една брзинска акција наместо ручек.
Заклучок: Ниту за еден од партнерите, ова не е време создадено за секс.
Од 14 до 16 часот
Женскиот репродуктивен систем најдобро функционира по 16 часот, а репродуктивните клетки во овој период се најквалитетни.
Заклучок: Ако не сакате дете или не сте сигурни во својата одлука, задолжителен е секс со заштита.
Од 16 до 18 часот
Во овие часови од денот двајцата партнери потешко се договараат за секс бидејќи само што стигнале дома после работа, уморни се и гладни.
Заклучок: Во овие моменти другите основни потреби се далеку поприоритетни отколку сексот, за двајцата партнери.