7 нешта кои не треба да ги споделите со девојките
Секој маж би требало да знае што да сподели, а што да задржи за себе. Како клучен успех за среќна врска се наведуваат токму овие неколку мали тајни кои секој маж треба да ги чува настрана од женското знаење.
Ако веќе не сте и ги кажале, ова се седумте информации кои се навистина непотребни за неа.
Никогаш не кажувајте колку точно заработувате
Без разлика дали сте задолжени или пак имате премногу пари, никогаш не покажувајте. Иако партнерите кои се во стабилни и сериозни врски доволно се познаваат и во економскиот аспект, никогаш не дозволувајте таа да има прецизни и точни информации за вашата заработка. Се разбира, се додека не започнете со заедничко живеење и поделба на трошоците.
Правиот маж знае кога треба да ги сокрие своите чувства
Да, вистина е дека мажите не се од камен, но понекогаш е неопходна цврстината и машкоста која што жените ја немаат. Бидете силни и никогаш не кажувајте дека ви се плаче од тажниот крај на некој филм или пак дека ви оди да плачете од мака што не можете нешто да постигнете.
Во прво време сокријте го талентот за готвење
Романтично и симпатично е откако ќе се запознаете и ќе започнете со заеднички обврски. Изненадете ја малку подоцна со вкусна вечера, наместо да се расфрлате со вкусни зборови на првиот состанок.
Не лажете пред неа
Без разлика дали се работи за добронамерна лага или пак за криење на вистината која ќе го повреди вашиот најблизок другар, тоа во никој случај не го правете пред партнерката. Жените се по малку чудни, па може веднаш да ве окриват дека сте лажго, без да ја знаат позадината на целата приказна.
Порно колекцијата чувајте ја на сигурно
Колку и да тврди дека тоа е во ред, бидејќи сте маж – не е! Сокријте ги сите можни нешта кои би ја поттикнале на тоа да мисли колку често тоа го практикувате.
Подароците од бившата се забранети
Сè што ви поклонила бившата не значи дека треба да го фрлите, ако имате расчистено самите со себе. Но, дека тој џемпер се подарок од неа добро скријте го од вашата сегашна партнерка. Нема потреба за вакви непотребни информации кои само ќе направат бура во главата на вашата сакана.
Тајните на вашите пријатели се само за вас
Секако дека морате да ги задржите за себе, колку и да сте блиски со вашата партнерка. Ситуациите и шегите не се исти кога сте сами и кога сте во пар. Штитете ги вашите пријатели, за да го добиете истото за возврат.