Видови секс кои треба да ги избегнувате
Иако сите го сакаме сексот, некои видови секс би требало да се избегнуваат. Погледајте ја листата и кажете дали се согласувате со неа.
Секс - „Не ми е баш до секс“
Тоа е она кога се инсистира на секс, а вам не ви се до тоа. Се согласувате само за да не го налутите партнерот, зарем не?
Секс кој резултира со повреди
За време на таков секс сигурно не размислувате за последиците, а иако сте свесни за нив, верувате дека имаат своја цел. Сепак, кога сè ќе помине, останува само болката и повредата.
„Тажен“ секс
Невозможно е да се чувствувате секси кога сте тажни. Тешко е да се има секс со некого кога изгледате како до пред малку да сте плачеле. Да, сте се согласиле затоа што сте се надевале дека ќе бидете подобро расположени. Сепак, тоа не се случило.
Секс поради забава
Ако сте заљубени и имате секс поради забава со својот партнер, тука нема ништо лошо. Во друга ситуација, тоа не се советува. Не можете секогаш кога ви е досадно затоа што немате партнер, да барате попатна забава.
Присилен секс
Немојте да дозволите да се најдете во ситуација кога сте под големо влијание на алкохол да имате секс само поради тоа што немате сила да одбиете некого. Не мора да се каже ништо повеќе освен дека ваквиот секс е погрешен, штетен и илегален.
Пијан секс
Ќе се сложите со мислењето дека ова е една од најлошите видови секс, особено поради одвратното чувство кога ќе се разбудите наутро и при тоа воопшто не се сеќавате што се случувало. Сепак недостатокот на облека на вашето тело јасно зборува дека секс имало.