Идеи за зимски состаноци

Зимата е доста монотон и депресивен период за сечија врска, па затоа обидете се да бидете креативни кога станува збор за љубовните состаноци со вашиот партнер.

idei-za-zimski-sostanoci-1

Дали сте во долга врска или пак на почетокот на некоја романтична приказна, не е важно. Единствено што е важно во овие студени денови е да се забавувате и времето кое го поминувате заедно, да биде исполнето.

Ова се нашите предлози за романтични, зимски активности во пар:

1. Маратон со вашите омилени серии или филмови. Кога веќе не знаете каде да одите и решавате да останете дома, пополнете ги тие неколку часа со малку хумор. Одберете без временска серија или пак некој филм кој што одамна сакате да го гледате, обезбедете многу грицки, слатко и сокови и уживајте.

2. Затоплете се со вкусен оброк. Кога и да имате шанса, подгответе некој вкусен, топол оброк. Пицата е најлесното решение, како и топли колачиња во рерна за десерт. Отворете вино и вечерата може да започне.

3. Подгответе топла бања за двајца. Ако имате желба за романтичен состанок, ова е одличен избор. Наполнете ја кадата, наполнете ја со миризлива купка и запалете неколку свеќи. Натамошниот тек на настаните го одредувате самите.

4. Одете на лизгање. Ако и двајцата сте љубители на зимските спортови, упатете се кон лизгалиштето. Ќе се чувствувате како да сте на романтичен состанок во некој филм.

idei-za-zimski-sostanoci-2

5. Изненадете го/ja со машка/женска вечер. Земете го од работа, однесете го на пијачка, потоа упатете се кон некој локал каде што има вкусни сендвичи, па потоа продолжете ги разговорите заедно со неколку пива. Или - однесете ја на шопинг, па на колаче со винце.

6. Направете си коктели или греено вино. Ќе уживате во самиот процес на подготовка на вкусните пијалоци, а уште повеќе кога ќе ги консумирате гушнати заедно, под топло ќебенце и водејќи интересни разговори.

7. Припремете појадок во кревет. Започнете да уживате во љубовта уште рано изутрина со вкусниот појадок, па потоа продолжете со вкусно кафе. Ќе бидете изненадени колку позитивно ќе ви влијае ваквиот почеток на денот.

8. Упатете се до најблискиот парк, со чај. Наместо да седнете некаде на чај или топло чоколадо, одете до некој тивок парк каде што можете да седнете на клупа, да се напиете топол домашен чај и да уживате во воздухот.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg