Во сексот е спасот за младоста и здравјето
Ако сакате да живеете подолго, да бидете поздрави или да изгледате помлади единствено решение е повеќе секс. Изгледа дека сексот е многу повеќе од физичка и емоционална активност.
Ова се неговите најдобри функции кога се работи за здравјето и убавината:
Ќе се чувствувате многу подобро. Имавте напорен ден? Кога сте под стрес наместо да седнете пред телевизор и да ги раскажувате или мислите вашите проблеми и нервози, опуштете се со малку поинакво задоволство. Многу истражувања покажуваат дека сексот опушта повеќе од било која друга активност во текот на денот.
Сексот ве прави поплодни. Ако сте во фаза кога се обидувате да останете бремена, единственото решение е повеќе секс.
Со секс се губат калории. Веќе одамна е добро познато дека сексот ви помага во слабеењето, па затоа ако немате во план да вежбате, трудете се барем 30 минути во денот да посветите на жешки активности.
После секс ќе спиете подобро. Ако имате проблем со несоници и мачно заспивање, практикувајте секс пред спиење. Ќе се опуштите, ќе се смирите а сонот сам ќе си дојде.
Ќе живеете подолго. Се укажува на тоа дека сексот е еликсир на младоста. Ниту еден научник не е сигурен зошто е тоа така, но од сите спроведени истражувања крајниот резултат бил следниот: Сите мажи кои имале секс помалку од еднаш месечно имаат двојно поголеми шанси за рана смрт.
Сексот ја лечи главоболката. Не се обидувајте главоболката да биде изговор за да го избегнете сексот, напротив, лечете ја главоболката со секс.