6 сигнали дека имате квалитетна врска

Меѓусебно се поддржувате, искрени сте, рамноправни сте... Ова се патоказите дека сте во здрава врска. Дознајте што уште го прави партнерскиот однос стабилен.

6-signali-deka-imate-kvalitetna-vrska

Искреност

Никогаш не можете да знаете дали другата страна ви ја кажува вистината, но можете да одлучите да верувате. Ако е тоа случај во вашата врска, ако сте потполно отворени и искрени, тогаш знајте дека сте во квалитетна врска.

Отворени кон другите

Многу модерни врски денес се скриени од очите на јавноста и се одвиваат во некој чуден свет. Ако вашата врска е потполно поинаква од таа, односно гордо им го преставувате на другите луѓе својот партнер, тогаш сте во однос богат со потенцијал.

Рамноправни сте

Ако некој во односот се чувствува инфериорно или другата страна сака да му наметне такво чувство, тогаш таа врска нема блескава иднина.

Меѓусебно се поддржувате

Ако партнерот ве бодри во вашите настојувања и ако знае вистински да се радува на вашите успеси, тогаш сте во прекрасен однос. Секако и вие треба исто така да се однесувате. Тоа е една од најубавите карактеристики на една складна врска.

Се поставувате на прво место

Кога парот си е најважен и кога партнерот ви е најважен, тогаш можете да кажете дека сте во функционална врска. Тоа е оној однос во кој двајца луѓе се свесни колку си значат и колкава е вредноста на нивниот однос.

Прифатени сте такви какви што сте

Секој човек има свои доблести и мани. Доблестите полесно се прифаќаат, додека за недостатоците често пати приговараме. Ако е така и кај вас, тогаш вашата врска не е баш на највисоко ниво. Но, ако се прифатите точно онакви какви што сте – со сите свои доблести и мани- тогаш тука може да се зборува за здрава и зрела врска.

Дали сте вие во квалитетна врска?

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg