3 причини зошто да не се дружите со бившиот
Другарките ти се дружат со бившиот па мислиш дека е сосема во ред да останеш во блиски односи и ти со него?
Не велиме дека мора да се мразите, но еве неколку причини зошто е подобро да избегнувате блиско пријателство со бившите:
1. Ќе живееш во минатото. Ако останеш блиска со бившиот, ќе ти се чини дека ништо не се променило, но не е така: Вие веќе не сте заедно, што значи дека мора да почнеш одново, а тоа не е воопшто лесно ако имаш „багаж“.
2. Ќе завршите во кревет. Сега можеби не ти паѓа на памет такво нешто, но почекај. Првиот пат кога ќе се поднапиете, кога тој ќе се скара со девојката или кога ќе почнете да навраќате спомени – ќе завршите заедно. Дури и ако ништо динамично не се случува околу вас, ќе спиете заедно од досада.
3. Ќе му пречи на вашиот нов дечко. Тој може да биде најтолерантната личност на светот, но никогаш нема да биде комплетно опуштен ако знае дека интензивно се дружиш со бившиот. Прво ќе му пречи малку, но подоцна целата работа може да се искомплицира.