10 тајни за среќна и долговечна љубов

Отсекогаш сте им се восхитувале на паровите кои одлично функционираат, но не сте успеале да ја откриете тајната на успешната врска? Еве корисни совети кои можат да го освежат, продлабочат и подобрат вашиот однос со партнерот.

10-tajni-za-srekjna-i-dolgovecna-ljubov

Земајте и опростувајте
И вам и на вашиот партнер ви е потребна сигурност. Двајцата сакате да се чувствувате сигурно и задоволно еден покрај друг бидејќи добрата врска се заснова на взаемно земање и давање.

Бидете штедливи
Парите, може да се рече, се еден од главните причини за кавга и затоа трудете се правилно да го распоредите домашниот буџет. Не трошете повеќе одошто имате, не влегувајте во минус и не купувајте три пара чевли наместо еден. Поради тоа, со право, ќе има рапсравија.

Поделете ги обврските
Ако домашните работи не се рамноправно распоредени, ќе доаѓа до судири. Секој член од семејството, вклучувајќи го и партнерот, треба да има свои задолженија и совршено да ги извршува. Така, кога ќе ги завршите сите работи, ќе имате доволно време едни за други, но и за одмор.

Без рапсравии пред децата
Пред децата мора да бидете единствени. Дури и ако вашиот партнер не се снаоѓа баш најдобро со децата, без разлика на нивната возраст, охрабрете го да поминува повеќе време со нив. Немојте да го критикувате пред децата затоа што бил премногу благ или престрог, тоа кажете му го во четири очи.

Избркајте ја досадата
Запомнете дека досадата обично е синоним за лутење. Ако чувствувате дека ви е досадно со партнерот, запрашајте се зошто е лут. Не би било лошо и да го преиспитате своето однесување, можеби и вие не сте му постојано забавни.

Слушнете што ви зборува
Натерајте го партнерот да ве слуша така што ќе му покажете колку го цените неговото/нејзиното внимание. Но, морате да му/и возвратите со иста мерка и да покажете интерес кога нешто зборува. За жал, повеќето мажи не се програмирани за женски разговори, ним им треба повеќе молчење.

Контролирајте се
Научете да се расправате. Трикот е во тоа никогаш да не изговорите нешто што не би сакале вам некој друг да ви го каже. Затоа треба да се контролирате и грижливо да ги одбирате зборовите бидејќи тие можат да бидат поопасни од студеното оружје.

Немојте да правите драма околу сè
Прифатете ги работите кои не можете да ги смените. Немојте да правите драма ако нешто не оди како подмачкано, а вие на тоа не можете да делувате, бидејќи нервозата ќе ја префрлите на партнерот и семејството.

Опростувајте
Научете да опростувате. Бидете фер кон себе и запрашајте се дали сте безгрешни. Сетете се колку пати партнерот ви прогледал низ прсти и ви опростил некој помал или поголем грев. Ако го сакате, трудете се да опростувате сè што не е од животна важност.

Врамнотежете ги желбите
Немојте да заборавите дека двајцата ќе се менувате како што поминува времето. Затоа, дури и ако мислите дека го разбирате или дека некои работи сте ги расчистиле, барем еднаш во годината проверете дали некој од вас двајца го сменил мислењето за некоја важна работа.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg