Добрата страна на моногамијата
Многумина мислат дека монгамскиот секс е досаден. Но, вистината е дека со годините, сексот станува уште подобар. Другата вистина е дека, исто така...
... секогаш морате да внесувате креативност, мечти и напор за секој следен секс ви биде поинаков од последниот.
Можете да водите љубов со истата личност до крајот на животот на милион различни начини, места и прилики. Голи, полу голи, облечени во секси долна облека, придружени со секси помагала, на вас е да одберете.
Сексот може да биде сензуален и да се одвива пополека или пак груб и безобразен, снажен и еротичен, 2 часовен маратон или брз секс. Опции постојат, сè што треба да направите е да и се препуштите на фанатазијата и границите на дозволеното ќе исчезнат, а вие ќе бидете задоволни од својот поинаков перформанс и искуство.
Во моногамијата е одлично тоа што знаете дека партнерот смета дека секој дел од вас е секси. Можете малку да се опуштите, бидејќи не е секогаш важно ако немате ерекција, зошто таа знае дека тоа е само еден од ретките случаеви.
Исто така многу добра работа е што во моногамијата не треба да користите кондом. Можете сите да ги фрлите во корпата за отпадоци бидејќи се познавате, си верувате еден со друг и знаете дека тој нема да ве прогласи за чудни или перверзни ако гласно ги кажувате и практично ги применувате своите налуди идеи и секси фантазии.
Оргазмот е речиси загарантиран. Ако добро се познавате меѓусебе, ги знаете сите слаби точки на партнерот, знаете како да постапите во вистинскиот момент.
Доколку имате константен однос со една личност, уживајте во сите различни врсти на секс. Понекогаш бидете романтични, понекогаш груби, но секогаш бидете полни со љубов и страст кон партнерот.
Во таквата врска, секое утро ќе се будите насмеани и среќни.