4 причини зошто сте сингл
Ви се чини дека сите ваши пријатели имаат партнер, а само вие сте сами? И тоа не е поради тоа што така сакате?
Размислете дали правите барем една од непривлечните работи кои секој маж би го излудиле.
1. Напорни сте – Ако често пати ви кажуваат да го намалите тонот или да се смирите, можно е да сте премногу напорни. Ако сакате да знаете каде е и со кого во секој дел од денот може да бидете протолкувани како прекумерно заинтересирани, а тоа ги плаши во секој поглед.
2. Импулсивни сте – Прво ќе направите нешто, па потоа размислувате? Импулсивните дами често се препуштени сами на себе, најмногу заради машката потреба од врска без многу стрес.
3. Нестрпливи сте – Упаѓањето во сечиј збор, константната потреба се да биде онака како замислувате е голема нестрпливост која ви пречи во љубовниот живот. Едно е кога одвај чекајте да го видите, но друго е кога постојано му се јавувате и испитувате кога ќе се појави.
4. Премногу помагате – Непотребно е секој пат кога тој ќе го отвори фрижидерот, вие да се нудите да зготвите нешто. Опуштете се. Тој сака да живее со вас, не со неговата мајка. Оставете простор и не нудете помош кога таа е непотребна.