Како да им станете попривлечни на жените?
Поголем дел од мажите во текот на животот посакуваат повеќе или пак подобри жени, и покрај тоа што не знаат како тоа да го остварат.
Некои мислат дека тајната е во парите, други дека е во изгледот, но сите грешат. Тајната е во тоа како се однесувате со жената.
Ова се наједноставните 8 начини како да привлечете повеќе жени и да имате можност да ја одберете најдобрата.
Научете да раскажувате интересни приказни за речиси сè. Ова е еден од клучните методи како да ги заинтересирате жените. Ти обожаваат мажи кои се полни со хумор и интелигенција, а интересни приказни од секој аспект на животот се прав начин како тоа да го покажете.
Бидете духовити и по малку дрски. Комбинацијата на хумор и блага ароганција е провокативна, на позитивен начин. Дозирајте до таму до каде што ќе ја натерате да се смее. Сè што е под тоа, е неуспешно.
Дружете се со атрактивни девојки. Одлична пракса се згодните пријателки, но ништо повеќе. Со нив полесно ќе научите како да комуницирате и да ги засмевате.
Задевајте ја на секој можен начин. Навистина е детски, но тоа е тоа што жените го сакаат.
Следете го говорот на телото. Жените совршено знаат што значи секој ваш потег, па затоа потрудете и вие да ги следите нејзините и да го откриете нивното значење. Многу е полесно кога ќе ја разоткриете тајната на говорот на телото.
Секогаш бидете искрени и цврсти во женско друштво. Мажите кои се однесуваат срамежливо во женско друштво се помалку привлечни од оние што цврсто стојат на земја и знаат што прават. Тоа не значи да бидете сериозни, но покажете ја својата машкост – жените тоа го сакаат.
Поставете граници. Понекогаш жените сакаат мажи за една вечер, понекогаш за сериозна врска. Јасно утврдете ги границите до кои таа е спремна да оди за подоцна да нема незгодни ситуации.
Фокусирајте се на нејзините емоции. Разговарајте, разменувајте искуства и откријте ги нејзините емоции во врска со вас. Трудете се да создадете подлабока врска, не само површна. Грижете се за тоа што таа го сака – тоа е единствениот начин да ве посакува уште повеќе.