Што не знаат мажите за своите жени?
Мажите и жените се многу различни и многу пати, дури и кога се во брак припадниците на посилниот пол не знаат што мисли нивната подобра половина и како ќе реагира во некоја ситуација.
Малку изненадува фактот дека речиси 39% од мажите кои биле во врска не знаат кој број на градник носи нивната партнерка.
Истражувањето спроведено на мажи кои се во подолга врска или во брак ги шокирало жените.
Се работи за прашалник кој содржи прашања поврзани со нивите партнерки, а чии одговори тие не ги знаеле.
- 54% не го знаеле бројот на мобилниот телефон на својата партнерка
- 54% не ја знаеле нејзината омилена песна или изведувач
- 39% не ја знаеле точната големината на градникот на својата сопруга/партнерка
- 35% не се сеќавале на точниот датум кога се запознале
- 23% не биле сигурни за бројот на обувките кои ги носи партнерката
- 23% не го знаеле нејзиниот конфекциски број
- 20% не биле сигурни која е нејзината најдобра пријателка
- 20% не знаеле дали партнерката им е алергична на нешто
- 11% не биле сигурни која е нејзината природна боја на коса
- 10% не го знаеле точниот назив на работното место на партнерката
Девојки, пробајте го и вие овој тест на вашите партнери, поставете им ги овие прашања и дознајте колку знаат за вас. Среќно!