10 совети како да ги поминете празниците ако немате партнер

Во целата празничната еуфорија, повеќето луѓе ги сметаат празниците успешни ако ги поминат со семејството, или партнерот.

10-soveti-kako-da-gi-pominete-praznicite-ako-nemate-partner

Но... ако немате партнер, не мора да значи дека морате да бидете сами. Има многу работи во кои можете да уживате додека сте слободни.

Тоа има и свои предности – прочитајте ги десетте совети кои ќе ви бидат од помош.

1. Повикајте друштво
Немојте да бидете мрзливи. Повикајте луѓе за кои знаете дека не се во врска – организирајте заедничка вечера. Немојте да мислите дека сите што ги познавате ќе имаат нешто договорено за празниците. Дури и ако имаат семејни обврски, можеби ќе бидат среќни да ги избегнат и да поминат малку време со пријателите.

2. Прифатете покана
Ако ве прашаат пријателите каде планирате да ги поминете празниците, немојте да се правите дека сте зафатени. Ако се биде како што треба, некој ќе ве повика да ја поминете вечерта во негово друштво.

3. Друштво може да ви прави и кучето
Понудете им се на пријателите кои што планираат да отидат надвор од градот за празниците, да го причувате нивното домашно милениче. Така и себе си и ним ќе им направите услуга. Кучето или мачето може да бидат одлично друштво во текот на долгите зимски ноќи. Кој знае, можеби ќе запознаете некого додека го шетате кучето!

4. Читајте или гледајте филмови
За време на празниците имате шанса да ги прочитате сите книги кои се нашле на вашите полици, а за нив не сте имале време порано, исто така, изгледајте ги сите филмови за кои не сте имале време. Размислете каде би можеле да отпатувате за следните празници. Уживајте во мирот и тишината во деновите кога немате обврски.

5. Новогодишни планови
Искористете го времето што го поминувате сами да размислите што би правеле следната година. Ова е можност да си поставите нови цели и да го испланирате секој чекор како да го реализирате планот. Многу остварувања се неуспешни бидејќи патот до нив бил лошо проектиран. За да го избегнете ова, својата крајна цел поделете ја на помали делови кои што водат до целта. Ако сакате да ослабите 10 килограми, мора да одберете фитнес центар, да се зачлените, да направите распоред на вежбањето по денови и колку време ќе поминете во теретаната, да направите список на намирници кои ќе ги избегнувате и оние кои ќе ги примените. Тоа би бил еден систем на планирање.

6. Разгалете се
Излежувајте се колку што сакате, направете си миризлива купка и уживајте. Ако сакате поактивно да ги поминете празниците погледнете некоја добра театарска претстава, или филм во кино. Или едноставно шетајте и уживајте во празничниот дух.

7. Разгалете ги другите
Најдобро ќе ја избегнете осаменоста така што ќе поминете време и со други луѓе. Можете да волонтирате во центарот за социјална работа или Црвениот крст и да им помагате на другите луѓе.

8. Обезбедете си добра храна
Посетете некој добар ресторан или одете во супермаркет и погледнете ги сите понуди и презентации на нови вкусови храна. Купете си шише омилен пијалак. Празниците се синоним за добар пијалак и храна – не е толку голем трошок да си го дозволите тоа барем за празниците.

9. Одете некаде каде што не сте биле
Ако бидете сами за празниците, не мора да значи дека мора да бидете дома. Погледнете што има на „last minute" понудите по туристичките агенции. Можеби има некоја интересна понуда.

10. Главата горе
Не е необично и покрај сите содржини кои сте си ги организирале за празниците, сепак да се чувствувате малку тажно. Сте сакале празниците да ги поминете малку поинаку- сега имате можност. Сознанието дека самите сте одговорни за своето расположение за време на празниците е чекор напред кон вистинското уживање во празниците без претерана пресија кон себе. Постојат многу ситуации во животот од фактот дека сте сами. Вдишете го воздухот на празниците и почнете да славите!

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg