Кои тајни жената никогаш нема да му ги открие на мажот?
Колку и да е заљубена жената, некои тајни ќе ги задржи за себе и ретко кога мажот ќе има пристап во тој свет.
Некои работи жената едноставно ќе ги задржи за себе, а мажите би можеле да се изненадат ако дознаат што сè се крие во женскиот ум.
1. Ниту еден маж не може да ја надмине најдобрата пријателка на својата девојка. Таа знае баш сè, од нејзината жиро сметка па до љубовните проблеми и тајни од минатото. Ако понекогаш на мажите им се чини дека е така, нека не се почувствуваат повредени бидејќи пријателката на жената е нејзина продолжена рака во животот.
2. Иако мажите на тоа не би се надевале, жените се возбудуваат од нивните раце.
3. Кога парот живее заедно, жената често пати кришум ќе спие во маицата на партнерот кога тој ќе отиде на пат поради копнежот кој го чувствува.
4. Никогаш нема да го открие точниот број на љубовници. Истражувањата велат дека тој број е секогаш нешто поголем од кажаниот бидејќи жената се плаши да не остави лош впечаток на мажот со големиот број љубовници.
5. Пред да спијат за прв пат со некој маж, жените често фантазираат за него.
6. Сакаат да ги споредуваат сегашните партнери со бившите.
7. Сакаат да знаат што е можно повеќе за бившите девојки на партнерот, па ќе ги гуглаат без грижа на совест.
8. Кога ќе се заљубат, тоа го чувствуваат толку интензивно што губат апетит.
9. Многу се трудат да бидат секси и привлечни, па трошат многу време на својот изглед. Но, никогаш нема да признаат колку време поминале на депилација, фризура или маникир за да бидат привлечни.
10. На мажите можеби им се чини дека жените се многу органзиирани, но многу често чувствуваат дека се околу нив се распаѓа и дрка не ги држат конците во свои раце.
11. Мажите не треба да бидат наивни и да мислат дека жените не знаат за нивните порно филмови, или веб страни кои со задоволство ги посетуваат, а тоа го кријат бидејќи не сакаат таа да им се смее.
12. Стара е приказната дека жените посотојано доцнат со подготовката кога одат некаде заедно со мажот. Затоа тој треба да запомни дека нејзината изјава „речиси сум готова“ значи дека и треба барем уште пет минути.
13. Истото важи и со доцнењето. Кога жената ќе каже „стигнувам за пет минути“, значи дека за толку минути од прилика ќе доцни.
14. Ако жената признае дека мажот ја расплакал неколку пати, значи дека поради него плачела барем дупло од она што го кажала.
15. Жените го чекаат повикот од партнерот и понекогаш со тоа се опседнати, особено после првиот состанок. Ако мажот и рече дека ќе и се јави, тогаш така треба и да направи. Што е можно побргу!
16. Жените сакаат мали „валкани“ разговори за време на сексот, но им е срам тоа да го признаат.
17. На почетокот од врската поради заљубеност, жените одат толку далеку што ги чуваат сите СМС пораки или снимки од партнерот на телефонската секретарка.
18. Жените носат „бапска“ долна облека и не се грижат дали се совршено депилирани ако сакаат самите себе да се спречат со некого пребргу да „рипнат“ во кревет.
19. Премногу трошат на гардероба и за тоа се свесни.
20. Жените аналаизираат и набљудуваат што сè прави партнерот, а од време на време го тестираат само за да видат дали се сакани. Затоа никогаш не треба да им се даде позотивен одговор на прашањето за секс во тројка.
21. На жените им е потребна потврда дека се посакувани иако мажот тоа го покажал сто пати, таа ќе сака тоа да и го покаже и по сто и еден пат.
22. Љубомората е прекрасна во мали дози. Ако партнерката флертува со келнерот, всушност му се обраќа на партнерот и сака тој да реагира.
23. Повеќето расправии започнуват кога жената ќе почувствува дека мажот ја игнорира. Жените сакаат внимание и затоа започнуваат кавга околу нешто што и не им е толку важно.
24. Дури и кога инсистираат сами да ја платат вечерата на првиот состанок, жените ќе мислат дека мажот не е вистински џентлмен ако тоа им го дозволи.
25. Иако имаат успешна кариера и се финансиски независни, жените сакаат да бидат подредени. Најсреќни се кога партнерот ќе ги однесе во кревет без најава и ќе ја преземе контролата.