Зошто мастурбацијата е добра за здравјето?
Бројните истражувања докажале дека мастурбацијата благотворно делува на човековото здравје. Помеѓу останатото, таа го зајакнува имунитетот и го подобрува расположението.
Има и такви кои што сметаат дека мастурбирањето е штетно, но науката покажала дека всушност е делотворно – како на физичкото така и на психичкото здравје.
Стрес и расположение
Австралиското истражување од 2010 во кое учествувале 150 луѓе, открило дека сексот помага во стресните ситуации. Докажано е дека истото дејство го има и мастурбацијата. Имено за време на сексот или мастурбацијата органзимот испушта коктел од хормони кои го смируваат телото, а со самото тоа го ублажуваат стресот и нервозата.
Кардиоваскуларното здравје и дијабетот
Стручњаците мастурбацијата ја поврзуваат и со кардиоваскуларното здравје, како и со помалиот ризик за заболување од диабет тип два. Неколку истражувања покажале дека женските оргазми – независно од тоа дали се постигнати со секс со партнерот или со мастурбација – ја зголемуаат отпорноста на жената од кардиоваскуларни заболувања и диабет.
Дивеење на хормоните
Некои земји ја поттикнуваат мастурбацијата помеќу тинејџерите. Британската Влада во 2009 год. ги наведувала тинејџерите да мастурбираат барем еднаш дневно. Зошто? Мастурбацијата на некој начин ги смирува хормоните и благотворно делува на психофизичкото здравје на тинејџерите чии тела се преполни со хормони.
Несоница
Како што покажуваат истражувањата, мастурбацијата е еден од најдобрите природни лекови против несоница. Многумина дури несвесно мастурбираат после стресен ден бидејќи тоа ги смирува и им помага да заспијат. Мастурбацијата помага да се лачи допамин во телото. По оргазмот, се лачи окситоцин и ендорфин кои помагаат кај жените да се појави чувство на смиреност.
Инфекции
Мастурбацијата кај жените помага и во спречување на инфекциите на грлото на матката, но и благотворно делува на инфекциите на уринарниот тракт. Познато е дека мастурбацијата го намалува ризикот од рак на простата кај мажите, а поновите истражувања покажуваат дека се намалува и ризикот од рак на матката кај жените. Најголема заслуга за тоа има оргазмот кој „ја отвора вратата“ на матката и го поттикнува зголемувањето на добрите бактерии.
Зајакнување на имунитетот
Благодарение на хормоните кои се лачат во телото во тек на сексуалниот чин, но и на мастурбацијата, се зголемува имунитетот. Тоа значи дека сте помалку подложни на разни заболувања.