Како “The Notebook” го расипува вашиот љубовен живот?
Не секогаш големите љубовни врски започнуваат со голема и луда приказна. Доколку од вашата сакана личност имате преголеми очекувања кои никогаш не се исполнуваат, очигледно сте жртва на големиот број мелодраматични филмови.
Најгледаниот љубовен филм во последниве неколку години, “The Notebook” е уште една причина која може да ве донесе до љубовно лудило и разочарување.
Ова се неколкуте цитати од него кои во никој случај не смеете да ги очекувате во реалниот љубовен живот:
„Романтичарите ова би го нарекле љубовна приказна, додека циниците би ја нарекле трагедија”
Во никој случај не очекувајте вашиот сакан љубовта да ја споредува со трагедија. Тоа никогаш неможе да биде позитивно за вас и вашата врска.
„Ти си мојата причина, секоја надеж и секој сон што сум го имал”
По малку патетично и застрашувачки. Немате потреба од маж/жена кој нема свој живот и се надева единствено на вас.
„Кога ти плачеш и јас плачам, кога ти си повредена и јас сум”
Кога вие ќе плачете, до вас ви треба некој кој сочувствува, но ви треба и силен маж кој ќе ве утеши и упати како тоа да го пребродите.
„Мислам на неа цело време”
Едноставно – ви треба љубов, а не опсесија!