Невин поглед или неверство?
Ако сте во моногамна врска односно било каква врска која е сериозна, неверството во истата би значело романтичен или сексуален однос со личност...
...која не е ваш партнер или партнерка. Едно нешто што би требало да се има во предвид е тоа дека и таквите односи сепак значат нешто.
На пример, доколку вашата девојка или вашиот дечко отиде со некоја личност од спротивниот пол на ручек или на пијачка, а вие знаете дека таа личност има одредени симпатии кон вашиот партнер, а пак од друга страна ако вие сте во главната улога на сличен таков состанок, секако би го оправдале како неодложена средба со некој пријател или пријателка.
Но, како и да е, каде е границата која го разделува прифатливото од неприфатливо? Некој најчесто таа граница ја оставаат се до чинот на сексулниот однос.
Сексот на многумина би значел апсолутен чин и знак на неверство. Ако сè уште се прашувате што значи неверство тогаш најубаво е да го побарате одговорот од самите себе.
Прикривањето и лажењето кога на вашиот телефон ви се јавува некоја пријателка или пријател се без сомневање главните знаци дека се движите по тенката линија на прифатливото и неприфатливото.
Треба да знаете дека неверствата се случуваат многу брзо и секако, непредвидено. Многу важен фактор е и случајот да бидете фатени дека изневерувате, или пак ако го признаете вашето неверство. Во тој случај, секако врската нема повеќе да биде иста, но искреноста и вистинското покајание секогаш вродува со плод.