Клиторис: Упатство за употреба
Поради нервните завршетоци во горниот лев дел на клиторисот најдобро е да се стимулира со кружни движења. Меѓутоа, дали ќе биде добар сексот повеќе зависи од анатомиајта, отколку од техниката.
Според анатомиајта на телото, во сексот не реагираат сите подеднакво, тврдат стручњаците.
Како што сите ние сме различни по висина и тежина, така и пропорциите, дебелината и широчината на нашите интимни подрачја е различна.
Тоа е причината поради која сексот со партнерот, кој има добра техника, може да биде лош.
Левата страна е почувствителна
Иако целиот клиторис е преполн со нервни завршетоци, неговиот горен лев квадрат е најсензибилен на допири, покажале студиите. Се мисли дека поради тоа и најдобра е стимулацијата со кружни движења кои завршуваат на неговиот врв.
Игри без граници
Дека жените може да доживуваат безброј оргазми не е мит, тврдат сручњаците. Тие откриле дека не постојат ограничувања на бројот на оргазми кои жената може да ги псотигне додека сексуално е стимулирана, иако таквите интензивни активности може да предизвикаат отеченост и пецкање во вагиналното подрачје. За разлика од мажите, на жените не им е потребно опоравување по оргазмот, а времето помеѓу секој следен оргазам се скратува.
Сите се поувбави по сексот
По сексот се зголемуваат количините на женскиот полов хормон, естроген во крвта, поради што косата изгледа посјајно, кожата помазно, а очите поголеми и поблескави.
За време на овулацијата жената сака секс повеќе од мажот
Благодарение на природното влијание на вишокот машки полов хормон, тестостерон во крвта, жените за време на овулациата се повеќе расположени за секс. Исто така, тогаш е подобра и циркулацијата на крв до гениталните подрачја, што го олеснува постигнувањето на оргазам.