Утринскиот секс е универзален лек
Повеќето луѓе звукот на будилникот не го дочекуваат со радост. Па зошто да не го смениме начинот на будење и денот не го започнеме на поубав начин?
Наместо звукот на будилникот и негогото повторно исклучување, свртете се кон партнерот и прифатете го неговиот утрински поздрав.
Пред да си легнете задолжително измијте ги забите, а наутро посегнете по емнтол бонбони – здивот е најлошата работа со која можете да го изненадите партнерот.
Имајте кондоми или некој друг вид на заштита при рака за да не мора да станувате од креветот.
Утрото кое почнува со секс би можело да го смени остатокот од денот и да го обои со поведри бои. Воедно бргу ќе се загреете и ќе „заштедите на грење“.
Зошто е добар утринскиот секс?
Оние кои што водат љубов наутро, имаат поголемо ниво на хормонот окситоцин, а поради него се чувствуваме вљубени. Тој го олеснува поврзувањето со партнерот, го намалува нивото на стрес во мозокот и ги ублажува симптомите на депресија. Истата хемикалија е одговорна и за намалување на крвниот притисок, победата над уморот и инфекциите.
Природна опиеност
Утринското водење љубов ги ослободува неуротрансмитерите серотонин и допамин кои се одговорни за природната опиеност. Со нив ќе се чувствувате поубаво. Полесно ќе се разбудите ако денот ви почне со акција. Можеби дури ни кафето нема да ви биде потребно.
Разубавување
Водењето љубов ќе остави трага на тонусот од вашите мускули, имунитетот, кожата и ноктите. Буквално ќе се разубавите.
Здравје
Оние кои имаат секс наутро три пати во текот на седмицата може да го намалат ризикот од срцев или мозочен удар. Ова е поинтересен начин да се заштитите од заболувања на срцето отколку да престанете да пушите или да се придржувате до правилата за избалансирана исхрана, зарем не?