Какви жени ги привлекуваат мажите
Повеќето веруваат дека физичкиот изглед е клучен за привлекување на потенцијалниот партнер. Ова не е точно. Ова ни го наметнува телевизијата, филмовите, списанијата кои промовираат екстремно убави жени кои ретко ќе ги видите на улица, или во супермаркет. Тоа ни е наметнат стандард кој нема врска со реалниот живот.
Истражувањата покажуваат дека мажите ги привлекуваат жени со детски црти на лицето (за разлика од жените кои ги привлекуваат мажи со изразено чело, нагласен нос и јаки вилици, такви црти имаат лицата на возрасни личности).
Мажите ги привлекува женско тело кое покажува репродуктивна способност и сексуална расположливост, атлетска подготвеност успешно да ги репродуцира неговите гени.
Еве што забележуваат прво мажите кај жените
Задникот. Повеќето ги привлекува задник во облик на праска. Оваа привлечност евентуално би можела да се објасни затоа што сме единствените примати кои се парат лице в лице. Кај останатите, мажјаците им приоѓаат на женките одзади, што ја објаснува машката обземеност со овој дел од женското тело. Задникот е и складиште на маснотии кои се користат во периодите на доење и за време на гладување, што жените ги прави поотпорни за периоди на „криза“. Тесните фармерки и високите штикли го истакнуваат задникот и тоа треба да се користи како помош и адут.
Гради. Од таму доаѓаат и мајсториите на пластичната хирургија за зголемување на градите или чудесните вондербра кои во последните децении се хит. Деколтето е секогаш адут иако тоа истакнува гради кои се ништо повеќе од масно ткиво кое им дава тркалезен облик и нема никаква врска со произведувањето на млеко. Едно е точно и докажано – мажите копнеат по деколте, било да се работи за гради или задник.
Нозе. Кога девојчињата ќе влезат во пубертет, нивните нозе нагло се издолжуваат, што е производ на хормоните и така тие им праќа сигнал на мажите дека стануваат жени подготвени да донесува деца на свет. Тајната на успешните фото модели е во должината на нозете, што е многу секси за машкиот род. Мажите повеќе сакаат заоблени и полни нозе, за разлика од тенките и мускулести нозе, бидејќи од својата партнерка не бараат да заигра фудбал за репрезентацијата. Тие сакаат нозете да ја нагласат разликата помеѓу машките и женските нозе.
Затоа штиклите се задолжителни, затоа што ги издолжуваат нозете, ги затегнуваат, го истакнуваат задникот и ги „исфрлаат“ нанапред градите. Има ли подобар сојузник за жените?