5 проверени знаци дека венчавката е блиску
Ако сакате вашето момче наскоро да ве побара за жена, ако милите дека сте „вистинската“, проверете како од машки агол, би требало да изгледа една сериозна дама која е на чекор од олтарот.
Неженетите мажи посакуваат сериозна дама, која може да исполни многу брачни очекувања.
На основа на бројни интервјуа со неженети мажи, Лиза Деили, авторот на книгата „Доста е од оставања“, тврди дека секој маж посакува смирена, пристојна, ни жена која предизвикува.
Прочитајте ги нејзините кратки совети:
1. Има живот
Мажот сака жената да го сака, гали, внимава на него, но исто така сака да види дека таа има свој живот: води сметка за себе, својот изглед, има добра работа, се дружи со семејството, пријателите, сака да патува и во сè, генерално, ужива. Жената не треба да чека да дојде вистинскиот маж за да почне да живее со сета сила.
2. Не приоѓа прва
Многу е полемизирано во јавноста, дали жената треба, или не прва да му пријде на мажот, па не постои единствен заклучок за тоа. Сепак, Деили смета дека жената никогаш не би требало да го направи првиот чекор: ако таа постојано прва го повикува, никогаш нема со сигурност да знае дали тој ја посакува, или е само љубезен со неа. Без разлика што велат тие, мажите сакаат да ги „ловат“ жените и тоа никогаш нема да се смени.
3. Само пристојно
На почетокот од врската двајцата само што се запознаваат, па жената не би требало да дава непристојни коментари. Тоа секако е дозволено, но е дел од интимата која се гради со време. Исто така допирите на јавни места не се пожелни. Подоцна, кога во врската ќе се чувствувате како „свој на свое“ во предвид доаѓаат и скриени допири под масата за време на вечерата во ресторан.
4. Чека секс
Кога е сексот во прашање, повеќе не постојат табуа. Сепак, жените би требало да знаат дека тоа и понатаму е значаен чекор во односот помеѓу двајца луѓе. Стапувањето во интимни односи секогаш го менува текот на една врска, а жените после интимниот однос имаа потреба да се „засолнат во врската“. Затоа Деили советува жените да почекаат барем еден месец до првиот однос.
5. Ситници
Мажите сакаат секојдневно да им се прават ситни отстапки и да се почитуваат нивните вистински потреби (ако ги мрзи да го наместа креветот, тоа да се направите наместо нив). Деили вели дека таа редовно му готви на својот маж и дека тоа е начин да му покаже колку се грижи за него. Тој тоа го цени и и враќа со иста мерка – кога надвор е студено, излегува наутро пред неа надвор за да и го исчисти автомобилот од снег и мраз.