11 принципи за успешна комуникација

Не очекуваме да ги запомните сите единаесет принципи, или веднаш да ги примените на својот случај, но се надеваме дека ќе посакате да ги прочитате неколку пати или дури и да ги препишете, а можеби и закачите над својата работна маса.

11-principi-za-uspesna-komunikacija

Ќе ви помогнат при комуникацијата со познаниците, приајтелите, партнерот и децата. Па да поченме:

1. Работете на случајот
Не постои волшебно стапче кое за момент ќе ве претвори во внимателен слушател и говорник, за тоа е потребно да се вложи напор кој се темели на преданија. Не доаѓа само по себе – морате да се потрудите.

2. Научете да се договарате
Во било кој однос важно е да се разбере и применува правилото на давање и земање, особено кога се коистат разни стилови на комуникација. Секој треба слободно да се изразува додека во исто време се прилагодува кон потребите на другите. Едниот начин не е секогаш подобар од другиот. Работата е во тоа што луѓето се различни кога зборуваме за комуникацијата, а вештиот комуникатор знае како да се прилагоди.

3. Трудете се да разберете
Нашата цел мора да биде навистина да ја слушаме личноста со која што разговараме, без разлика на различните уверувања и несогласувања. Не мора да се согласувате со сè што ви зборува личноста која говори, но искажете и почит со внимателно слушање.

Давид Аугсбургер, американски теолог и писател, рекол: „Да те сакам тебе како што се сакам себеси значи дека сакам да те слушам како што би сакал ти да ме слушаш кога нешто ти зборувам, да те разбирам како што би сакал да бидам сфатен“.

Кога ова мото би го применувале во нашите брачни односи, адвокатите кои се занимаваат со раводи, не би имале работа.

4. Потврдете ја вредноста, значењето и достоинството
Кога ги слушаме зборовите на некоја личност, и праќаме порака дека сме заинтересирани за неа како личност, иако не мораме да се сложуваме со она што го говори. И праќаме порака дека вреди да се слуша и дека има нешто со кое би му придонесла на општеството. Не сакаме да ја измениме ниту да ја потцениме, сакаме само да ја разбереме. Сметаме дека е вредно да се слушне и сакаме да знае дека секогаш може нам да ни се обрати.

5. Бидете позитивни и охрабрувајте
По природа сите сме склони да го нагласуваме и помниме негативното и лошото. Меѓутоа, критички настроената личност тешко дека ќе оствари здрава комуникација. Односот на пофалба наспроти критиката во еден разговор, или однос, би требало да биде 90% во корист на охрабрувањето и пофалбата, а сè на сè 10% критика.

6.  Во доверба, значи во доверба
Кога вашиот партнер, пријател или дете знае дека умеете да задржите некои информации за себе, вашиот однос има блескава иднина. Резултатот ќе биде уште поголема доверба и отвореност. Чувајте ги доверливите разговори за себе. Довербата е како стакло – потребно е мало невнимание за да се скрши. Затоа, чувајте ја довербата која ви е искажана бидејќи ако еднаш се изгуби, тешко дека повторно ќе се изгради.

7. Одберете добар тајминг
„Зборовите кажани во вистинско време се златни јаболка во сребрени садови“. Во меѓусебниот разговор прекрасно е кога ќе кажеме вистински зборови во вистинско време. Многу мудар избор е два пати да се помисли или уште подобро да се преспие пред да се сподели некоја непријатна или тешка вест.

8. Изразете ги своите чувства
Желбата за ги разбереме блиските и нивните чувства се составен дел од психолошката присност. Кога не постои редовно изразување на чувствата помеѓу двајца луѓе, тие ќе станат затворени во себе, затворени за љубов и присност. Држете ја вратата на комуникацијата секогаш отворена, особено на нивото на чувства.

9. Опасни претпоставки
Меѓусебниот однос може да биде нарушен кога двете страни претпоставуваат дека онаа другата разбира што мислите, чувствувате или сакате. Читањето на мисли ретко делува и е многу непостојано. Јасно кажете што ве мачи! Кога некој ќе ве повреди, мора да му дадете до знаење дека ве повредил.

10. Одговорете на поттикот
Охрабрете ја личниоста која ви зборува и покажете и колку ви значи што има доверба во вас. Вашето уво може да отвори врата на нечие срце и затоа немојте да го затворате. Внимателно слушајте и другата страна, со време тоа ќе го препознае и цени.

11. Бидете чесни
Вистинскиот и вештиот комуникатор е чувствителен на последиците кои може да ги имаат неговите зборови и постапки. Кога чувствуваме дека мораме да бидеме чесни во нешто, а тоа некој друг може да го повреди, би требало повторно да го разгледаме начинот на кој мислиме да го изнесеме својот став и да ги преиспитаме своите мотиви. Многу  сурови работи се напавени во име на чесноста.

За почеток, одберете една животна ситуација во која бргу може да се видат резултатите за подобрување на комуникацијата. Користете некои од наведените принципи. Не се откажувајте!

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg