Зошто жените се посреќни со помалку убави мажи?

Многу пати сме во можност да видиме пар, па и помеѓу познатите личности, во кој жената е многу попривлечна од својот маж. Научниците потврдиле дека тие жени многу добро знаат што прават.

zosto-zenite-se-posrekjni-so-pomalku-ubavi-mazi

Најновото истражување сугерира дека жените кои се во врска со помалку атрактивен маж се посреќни и дека нивните односи се емотивно задоволителни.

Истражувачите на УКЛА - Универзитетот во Тенеси, вршел испитување на 82 парови кои биле во брак една година и кои се познавале минимум три години. Испитувањето се состоело во снимање на паровите при решавање на личните проблеми.

Во меѓувреме една група луѓе го оценувала степенот на привлечност на двајцата партнери за објективно да се утврди кој во врската е поубавата половина. По прегледувањето на видео снимките, забележани се одредени причини за однесувањето на паровите.

Попривлечните мажи при решавањето на проблемите кон жените се поставувале на начин „тоа е твој проблем, па сама решавај го“, додека оние кои биле помалку атрактивни повеќе се труделе да дадат до знаење дека и се на располагање на жената и дека се секогаш покрај неа во случај нешто да и притреба.

Постои можност помалку атрактивните мажи повеќе да се трудат да ги задоволат жените, бидејќи на тој начин го компензираат недостатокот од физички квалитет. Од друга страна, згодните мажи се свесни за својот изглед и знаат дека им се пожелни и на другите жени, така што помалку се трудат да им дадат емотивна поддршка во текот на врската.

- Во врските во кои мажот бил поубавиот дел од парот, двајцата партнери си давале помалку поддршка во споредба со другите парови. Тоа имплицира дека жената ќе го копира однесувањето на мажот во случај да осети дека тој не се труди доволно, што доведува до магичен круг во кој на крајот никој не  е среќен, изјавил Бенџамин Р. Карни – професор по социјална психологија на УКЛА.

Бидејќи денес владее недостаток на убави мажи, барем ако се суди по заклучокот на научниците од Универзитетот за Економија во Лондон, парот од типот „убавицата и ѕверот“ функционира совршено.

- Еволуциската стратегија програмирана во нашиот ДНК синџир го диктира правилото за раѓање на женски деца од страна на привлечните луѓе, па таквите парови ќе имаат 36 проценти повеќе шанси да добијат женски потомок. Поради тој еволутивен процес во светот се раѓаат повеќе убави жени отколку мажи – тврди доктор Сатоши Каназава, професор на наведениот лондонски универзитет.

Освен тоа, добро е да се спомне дека помалку атрактивните партнери повеќе се трудат во кревет за да ги задоволат своите жени, па дамите со такви фраери се позадоволни со својот сексуален живот во однос на оние кои се во врска со убавци.

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg