5 видови флерт кои ги откриваат намерите
Флертот е многу повеќе од обична забава, покажала новата студија која заклучила дека љубовниот успех делумно зависи од разбирањето на сопствениот стил за флертување.
Проверете дале сте традиционалист, или сте склони кон физичкиот начин на заведување.
Неодамна довршената студија за стиловите на флертување на возрасните луѓе, при што е испитано повеќе од 1.500 луѓе.
За нивните методи на романтична комуникација донесен е заклучок дека постојат пет стилови на флерт: физички, традиционален, пристоен, искрен и забавен.
Во физичкиот флерт луѓето покажуваат сексуален интерес за потенцијалниот партнер и често бргу се впуштаат во врска, развиваат повеќе сексуална хемија и емоционално се поповрзани со партнерот.
Во традиционалниот стил мажите го прават првиот чекор, а жените се во пасивна улога. Двата пола кои го негуваат тој стил преферираат „поинтимни“ средби.
Многу луѓе го практикуваат забавниот стил кој служи за зголемување на самодовербата, врските не траат долго и немаат некоја подлабока содржина.
Кај искрениот флерт двете личности покажуваат емоционална поврзаност и искрен интерес за другата личност во која се препознава потенцијалниот партнер. Иако во таков вид на флерт повеќе се впуштаат жените, има и мажи кои го применуваат тој стил на заведување.
Кај пристојниот флерт личностите внимателно го покажуваат интересот и веруваат дека пристојните манири го трасираат патот до срцето на партнерот.
Сознанието кој стил најмногу ви одговара може значително да помогне во успешното додворување кое подоцна може да резултира со долготрајна врска па и брак.