Како да ја импресионирате?
Жените дефинитивно имаат поизострен вид од мажите – тие ги приметуваат сите детали, особено кога станува збор за посилниот пол. Така, ако сакате...
... да ја добиете највисоката оценка при нивносто “скенирање”, обрнете посебно внимание за следново:
Коса
Три петини од жените сметаат дека бушавите прцлиња на косата се одбивни, покажало истражувањето спроведено во магазинот "Men's Health” каде биле испитани повеќе од 1000 жени. Неуредната коса на вратот ве прави несреден.
Потстрижете ја неуредната коса сами, потребни ви се само 5 минути еднаш во неделата. Или ако навистина не ве бива со ножичките, тогаш посетувајте го фризерот почесто. Не заборавајте, измиена и уредна коса, зборува за вашата лична хигиена.
Лице
Третина од жените тврдат дека мажите не обрнуваат доволно внимание на својот тен, односно за здравјето на кожата на лицето.
Машките пори се за 25% поголеми од женските, тврдат дерматолозите.Тоа значи дека многу повеќе црнки се појавуват на областа околу носот кај мажите.
Црната боја не е нечистотија, туку оксидација на мастите од затворените пори во допир со воздухот.
Обичното миење со сапун не е доволно да ги исчисти скриенти црнки. Наместо сапун, користете посебно средство за чистење и еднаш неделно нанесете маска од глина.
Здивот од устатa
Дури и малку непријатен здив е доволен за да одбие повеќе од половина жени. Мислите дека "Тик-Так" бомбоните се посилни од женскиот нос, но се лажете: истражувачите велат дека жените се чуствителни на машките мириси, така што веднаш ги детерминираат дури и минималните мириси од уста.
Четкајте го јазикот, многу инфекции настануваат токму тука. Многу луѓе не мислат на јазикот кога мијат заби, но треба да знаете дека и тој е чувар на бактерии.