На мажите најмногу им пречат женските промени на расположението

Познатиот интернет портал наменет за мажи – AskMen неодамна спровел голема анкета во која учествувале 100.000 мажи за најпосле да се дознае дека повеќето мажи размислуваат за интересни теми – кои работи би ги смениле кај своите девојки, и како гледаат на неверството и колку им е важен сексот?

na-mazite-najmnogu-im-precat-zenskite-promeni-na-raspolozenieto

Квалитет кој најмногу го ценат
На прашањето на кој квалитет најмногу обрнуваат внимание при одбирање на девојка, 31% се сложиле дека најважна им е лојалноста. Освен тоа, од партнерката се очекува грижливост (24%) и нтелигенција (20%).

Изневерување
На мажите им било поставено прашање дали би ги изневериле своите партнерки во случај тие никогаш да не дознаат за тоа. Одговорите биле интересни. Имено 38% тврдат дека најверојатно не би ги изневериле бидејќи тоа е спротивно од нивните морални вредности, а другите 38% велат дека веројатно не би ги изневериле, но поради чувството на вина кое потоа би го имале. На крајот 17% веројатно би ги изневериле, но сепак би ги мачело чувството на вина потоа.

Што би смениле кај својата девојка
Одговорите биле вообичаени. На момците најмногу им пречат честите промени на расположението кај жените (16%). Останатите 13% би поработеле на зголемување на женското либидо, а исто толкав процент од мажите не би менувале ништо кај своите девојки. Пет проценти мажи би го смениле изгледот кај својата девојка, а интелигенцијата би ја менувале само еден процент од мажите.

Фејсбук
Дури 41% од испитаниците сметаат дека не е никаков проблем доколку нивните девојки на Фејсбук се пријателки со нивните бивши момчиња, додека на нешто помал број мажи (31%) тоа однесување им пречи. 28 проценти не би имале ништо против, но само ако бившите партнери ги имат лично запознаено.

Војна на половите
На прашањето дали би излегле со жена која заработува повеќе од нив, 85% од момците велат дека тоа малку им пречи, девет проценти тврдат дека веќе излегувале до таква жена, а шест проценти признале дека не би им било пријатно.

Романтика
Изненадувачки 76% од мажите би сакале да бидат романтични со своите девојки кога чувствуваат доволна приврзаност, а 16% се романтични само непосредно пред сексуалниот чин, додека мал број (6%) тврдат дека воопшто не се романтични.

Секс
Кога би се прашувале мажите, љубов би се водела неколку пати дневно и со тоа се сложуваат 77% мажи. Еднаш неделно би било доволно за 12% мажи, а 10% сметаат дека секс би требало да се има секој ден.

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg