Каков ќе биде сексот зависи и од музиката

Исто како сексот и добрата храна, и музиката благотворно делува на луѓето, а причина за тоа е ослободувањето на хемикалиите одговорни за доброто расположение.

kakov-ke-bide-seksot-zavisi-i-od-muzikata

Шекспир напишал дека музиката е храна на љубовта, но не бил единствен кој ги поврзал љубовта и сексот со слушањето музика.

Музиката создава романтично и секси доживување, бидејќи зборовите на песните ја поттикнуваат фантазијата, а ритамот делува на нашите движења. Вкусовите во музиката се различни, но кај повеќето луѓе најдобро поминува филмската музика.

Можеби затоа што нè потсетува на романтични и секси сцени од филмови и хемијата која главните јунаци ја создавале на платното.

Според некои истражувања, љубителите на џезот имаат почесто секс од останатите. Можеби причина за тоа е исклучително еротскиот звук на сакасофонот.

Звукот на џезот е добар за оние кои сакаат да уживаат во бавна предигра, класичната музика се мисли дека го намалува сексуалното возбудување, а музиката за играње поттикнува на танцови движења на телото што е идеално за секс.

R'n'B музиката е совршена за сензуални вечери и споро водење љубов. Мажите кои што немаат храброст со зборови да го покажат своето чувство, можат да ги искористат текстовите на љубовните R'n'B песни и сензуалниот ритам за заведување на партнерката.

За оние кои што сакаат да го менуваат темпото и брзината во текот на сексот, електронската музика може да го претвори еротското дружење во хипнотичко искуство. Според мислењето на повеќето жени и мажи, хеви метал е последниот звук кој би сакале да го слушнат за време на сексот, а истражувањата покажале дека тој вид музика ги прави луѓето понервозни и лути.

На повеќето луѓе им одговара музика чиј ритам е најблизок со отчукувањето на срцето. Освен музиката и звуковите на океанот можат да го разбудат сексуалното возбудување.

Стриптизот во спалната соба задолжително има музичка подлога, а кога слушаат музика жените самите се чувствуваат повеќе секси и повеќе уживаат во своето тело, што е најдобар рецепт за одличен секс.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg