Што навистина сакаат мажите од предиграта
Обично се мисли дека жените повеќе ја сакаат предиграта, но најновото истражување потврдило дека и мажите сакаат да си играат пред главниот чин.
Во истражувањето спроведено од магазинот Glamour дури 88 проценти од мажите изјавиле дека сакаат подолго галење и бакнување во комбинација со омилените песни.
Најмногу мажи, околу 40 проценти практикувале отворено да ја прашаат девојката дали е за секс, а 28 проценти своите намери ги откривале во интимно осветлување и музика.
Нешто помал процент од заводниците малку повеќе се трудат импресионирајќи ги партнерките со кулинарски вештини.
Предигра – орален секс
Мажите сакаат да ја задоволат партнерката и затоа половина од нив во предиграта се одлучуваат за орален секс, а третина саканата ја опсипуваат со бакнежи по целото тело.
И кинематографијата доаѓа во предвид
За мажите порно филмовите се „омилена литература“, но кога ги гледаат со партнерката 47 проценти од мажите се изјасниле дека во тие ситуации повеќе се фокусираат на партнерката, а само 25 проценти порно филмовите ги сметаат за најдобра можна предигра.
Секси играчки
Околу 52 проценти мажи срдечно ќе ја дочекаат партнерката со идеја во предиграта да воведат секси играчки, а 55 проценти од анкетираните сметаат дека по некое време предиграта станува здодевна и сакаат што побргу да прејдат во „акција“.
Кој е вашиот став за предиграта?