4 правила за живеење заедно со партнерот/ката
Заедничкиот живот со партнерот/ката често произлегува дека не е така идеален како што сите си го замислуваме.
Затоа, најдобро е да си ги организирате работите со време, пред „да пукне“:
1. Правилото на два телевизори. Ако сте во можност, задолжително купете два телевизори. Мажот најверојатно не ги поднесува нејзините омилени серии, а на жената ќе и дојде преку глава од фудбал. По правило, некако и двете секогаш ги има во исто време.
2. Правило на еден кревет. Иако е многу полесно да се спие сам во кревет, експертите тврдат дека сонот е многу поквалитетен кога креветот го делиме со партнерот. Близината на саканата личност ни дава чувство на сигурност, утеха и не’ опуштa.
3. Правилото – чистачка. Покрај финансиските проблеми, домашните работи најчесто се најтешка работа за младите парови кои туку што почнале да живеат заедно. Одвојте дел од заедничкиот буџет за журкање и најмете жена која ќе ви го средува просторот. Така нема да си префрлат еден на друг кој што исчистил, а кој не.
4. Правило за исхрана. Немојте да јадете секогаш исти работи, ниту иста количина. Повеќето жени качуваат килограми кога почнуваат да живеат со партнерот, а бидејќи на мажите им е потребна поголема количина на калории, им се случува да земаат исти порции како нивните.
Ако имате искуство со заедничкиот живот, споделете уште некој совет во коментарите.