Како влијае раѓањето, на вашиот сексуален живот?

Единствени деца, првородените, второто или третото дете имаат различни сексуални навики и однесувања, тврдат стручњаците.

kako-vlijae-ragjanjeto-na-vasiot-seksualen-zivot

Зависно од тоа кое дете сте по ред во семејството, или можеби сте растеле сами, без браќа и сестри, ќе бидете послободни, порелаксирани, со или без иницијатива во креветот.

Првородени и единци

Родените како прво дете, или како единци се предвидливи во креветот. Знаејќи ги деталите од само едно нивно сексуално искуство, може да се одредат нивните идни чекори во сексот.

- Особините кои им користат на работа, може да им попречат во нивните врски, желбата за контрола и перфекционизам повеќе го нарушува одошто го гради љубовниот однос – истакнува доктор Леман.

Средни деца

Оние кои израснале како средни деца во семејството, во сексот се вистинска мистерија за партнерите. Нивното однесување е контрадикторно, може да бидат агресивни и со натпреварувачки амбиции, или да избегнуваат конфликти.

- Ако вашиот партнер му припаѓа на овој тип, знајте дека никогаш нема да ги открие своите сексуални фрустрации... Ако тежнее кон некои новини во сексот, нема гласно да ги изговори, освен ако не го натерате на тоа. Издвојте малку време за партнерот, тој/таа ретко ќе каже што сака, тоа може само да се изнуди од него/неа – советува доктор Леман.

Последно дете

Возрасните родени како последно дете во семејството, секогаш се расположени за секс и сакаат да се смеат во креветот. Тоа што нивниот партнер има состанок во раните утрински часови, нема да ги попречи да имаат утрински секс.

- Затоа што биле галеничиња во нивните семејства кои другите ги галеле, сакале и внимавале на нив, тие се со многу нежна природа. Додека разговараат со вас, сакаат да ги допираат вашите раце и рамена. Не дека допирот е сексуален чин, но тоа покажува дека овие луѓе создаваат физички контакт со останатите – заклучува доктор Леман.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg