Половина од жените спијат со бившите додека чекаат нова љубов

И жените и мажите признаваат дека практикуваат секс со бившиот затоа што им недостасува интимност, дел од нив сакаат да ја обноват врската, а некои во тој чин ги води алкохолот.

polovina-od-zenite-spijat-so-bivsite-dodeka-cekaat-nova-ljubov

Речиси 31 процент од жените признаваат дека потајно се надеваат дека ќе се смират со бившиот партнер, утврдила студијата на американскиот портал SeekingArrangement.com, спроведена на 1000 испитаници.

Околу 43 проценти од нив практикуваат секс со бившиот иако бараат нова љубов, а најчесто тоа го прават затоа што им недостасува интимност. Истото го признаваат речиси 47 проценти од мажите.

Освен интимноста и надежта дека ќе ја обноват врската, најчести причини зошто жените и мажите спијат со бившиот партнер се – премногу алкохол, флерт со него/неа преку Фејсбук, или и-мејл, или затоа што случајно ќе налетаат еден на друг и сексот им се чини како добра идеа, потврдило истражувањето.

Сепак, признаваат дека се свесни дека таквото однесување може само да им ја продолжи агонијата. Јасно им е дека старите проблеми се уште тука и дека врската долгорочно нема да успее.

Дали вие спиете со бившите додека не најдете нова љубов?

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg