Кој треба да доминира во креветот?
Дали го имате главниот збор во сексот?
Дали сте дел од оние кои што сметаат дека е „нормално“ машкото да го има главниот збор во креветот, а жената да ужива? Размислете уште еднаш. Резултатите на најновото истражување покажале дека претпоставките од ваков тип можат долгорочно да ја нарушат поволната ситуација во спалната соба.
Ако не сте личност која сака, од време на време да преземе иницијатива, сексуалните терапевти советуваат да поработите на сопственоста сексуална еманципација.
Запознајте го своето тело
Ако сè уште не знаете со што располагате – крајно време е да ги запознаете своите интимни делови. Добро проучете го својот полов орган и тргнете во истражување.
Ослушнете го сопственото тело и проучете што му се допаѓа, а што не. Не може да се очекува партнерот сексуално да ве задоволи ако самите не знаете што ве возбудува.
Испуштајте звуци на возбуда
Ако до сега сте воделе љубов молчејќи, време е да ја смените лошата навика. Ако се опуштите и препуштите, ќе ви биде многу полесно да испуштите звуци на возбуда и задоволство. Жените кои што знаат да ја изразат својата сексуалност и да им се препуштат на чувствата се сексуално уверени сигурни во своите способности. Истото важи и за мажите.
Изговорете ги своите желби на глас
На партнерот би му кажале што ве возбудува, но не се осмелувате? Во тој случај важи правилото, со вежби до совршенство. Изговарајте еротски изрази и фрази додека се гледате во огледало. На тој начин ќе стекнете самодоверба која ќе можете да ја примените за време на сексот.
Преземете контрола
Не мора цело време да бидете „зад воланот“. Но, добро е од време на време да преземете контрола и да покажете иницијатива. Почнете со едноставни работи како бакнеж, масажа. Препуштете се и дозволете им на чувствата да ве водат.