Откриени најчуваните машки тајни
Списанието Гламур извршило истражување поставувајќи им на мажите неколку прашања за сексот, а резултатите до кои дошле се многу интересни.
Сакаат секс во темница
Дури 37 проценти од мажите сакаат секс во темница. Жените тоа го сакаат во многу поголем процент, но за мажите ова е потполно изненадување.
Размислуваат за другарките на својата партнерка
Машкиот мозок сака да талка за време на сексот, а на листата жени за кои размислува се супермодели и познати актерки, но може да се најде и некоја другарка од партнерката. Тоа не значи дека навистина му се допаѓа, но фактот дека е забранета го прави своето.
Сакаат да гледаат порно филмови пред жените
Некои мажи ги кријат своите потреби за гледање порно филмови, но дури 40 проценти од нив велат дека гледале порно филм додека партнерката била со нив во собата.
Скромни се
Кога во анкетата им поставиле прашање како би се оцениле себе си во кревет, 44 проценти рекле дека се сметаат за добри, додека 46 проценти изјавиле дека се сметаат за просечни. Скромноста е доблест...нели!?