Интересни факти за машкиот оргазам

Дали мислите дека се знаете за машкото големо „О“?

interesni-fakti-za-maskiot-orgazam

Оргазмот е секогаш интересна тема, а многу жени се прашуваат дали и нивниот партнер се чувствува исто во моментот на оргазмот.

Иако двајцата партнери уживаат во оргазмот, машкиот и женскиот мозок најчесто се наоѓаат во потполно различна состојба.

Помеѓу мажот и жената постојат разлики и пред и по постигнувањето на оргазам, а машкиот оргазам е исто така мистериозен и интересен како и женскиот. 

1. Две минути мастурбација
На мажите им се потребни само две минути, или помалку мастурбација за да доживеат оргазам.

2. Трае 5 до 30 секунди
На мажите им е потребно пократко време да доживеат оргазам и нивното големо„О“ трае многу пократко од женското. Машкиот оргазам трае пет до 30 секунди, додека женскиот трае и до 15 секунди подолго.

3. Можат да одглумат
И тие можат совршено да уживаат во сексот дури и ако не дошло до експлозивен завршеток. Имено и мажите можат да одглумат оргазам, но тоа не значи дека не уживале во целиот чин.

4. Оргазмот и ејакулацијата не се симултани
Повеќето жени сметаат дека машкиот оргазам и ејакулацијата се иста работа, но тоа не мора секогаш да биде точно. Многу мажи ејакулираат неколку минути по оргазмот, а постојат случаи и кога воопшто не ејакулираат во текот на оргазмот.

5. Треба да ги наполнат батериите
По сексуалниот максимум на мажите им е потребен одмор чие траење се движи од неколку минути до неколку часа. Оргазмот го ослободува хормонот окситоцин кај двата пола, но кај мажите предизвикува поспаност. Жените по сексот имаат потреба за нежност, галење и разговор, а кај мажите се јавува потреба за сон. Тоа е природна хемиска реакција, затоа не треба да се замерува ако партнерот сака малку да отспие по оргазмот.

6. Повеќекратни оргазми
Иако е реткост, повеќекратните оргазми може да се појават и кај мажите. Тоа особено се однесува на оние кај кои изостанала ејакулацијата. На мажите на кои им е потребно повеќе време помеѓу ејакулацијата исто така може да доживеат повеќекратен оргазам, но тоа е многу поретко отколку кај жените.

7. Машка Г точка
И мажите имаат Г точка која им донесува големо уживање. Се наоѓа во анусот и е во облик на костен. До неа може да се дојде и со масажа на надворешното подрачје на анусот.

8. Седум минути пенетрација
Медиумите и порнографската индустрија нè бомбардираат со приказни за долги сексуални односи, а во стварноста просечната пенетрација не трае повеќе од седум минути. Сексот кој трае пократко од две минути повеќето го сметаат за пребрза ејакулација.

9. Три најосетливи точки
Неколку точки на машкото тело може да доведат до оргазам. Најосетливите делови на машкото тело се френулумот (се наоѓа под главата на пенисот), перинеумот (се наоѓа помеѓу тестисите и анусот) и простатата.

10. Почесто го доживуваат од жените
Според истражувањето на Универзитетот во Чикаго, 75 проценти од мажите можат редовно да доживеат оргазам за време на сексуалните активности, додека кај жените тој процент е 50

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg