5 лекции за љубовта од „Сексот и градот“
„Сексот и градот“ за некои жени е само серија, но за некои е вистински водич за љубовта.
Низ шестата сезона се провлекоа неколку лекции на оваа тема, а овие ги издвоивме како најважни и применливи:
1. Шпионирањето на партнерот не е секси. Како што и Кери рече – кога мажите прават храбри гестови, тоа се смета романтично. Кога жените прават храбри гестови, се сметаат за психотични.
2. Исфрлете ја листата со карактеристики на совршен маж. Повеќето жени ја имаат, но листата која ги содржи атрибутите кои треба да ги има совршениот маж не е лоша се додека не ја следиме слепо. Ако инсистирате на сите карактеристики од листата – ќе остарите сами.
3. Драмењето не е страст. Паровите кои често се караат можат да се тешат со тоа дека во врската имаат многу страсти кои мораат да ги покажат на некој начин. Страста е во погледот, во сексот и начинот на кој меѓусебно се обожавате. Ако само се расправате, немате страст – напротив си одите еден на друг на живци.
4. Пауза значи раскинување. Мажот кој сака да си земе малку време за себе, во реалноста сака да си земе малку време – без тебе. Ретко кој пар после пауза се враќа во идила, а ако твојот дечко сака малку да размисли за се, веројатно сака да го прави ова во друштво со некоја друга.
5. Треба да знаете да престанете кога е готово. Ако те оставил, мали се шансите дека ќе го наговориш да се врати. Причини постојат, а наместо да му се јавуваш и праќаш пораки во кои ќе објаснуваш зошто погрешил, едноставно заборави на него. Ако инсистираш, само ќе делуваш како психопат.