12 загрижувачки машки гестови кои не смеат да се игнорираат

Без разлика дали сте повеќе, или помалку толерантна личност, со големи, или вообичаени барања во врската, постојат постапки кои не треба да се игнорираат.

12-zagrizuvacki-maski-gestovi-koi-ne-smeat-da-se-ignoriraat-1

Сака секс уште на првиот состанок
Мажите постојано размислуваат за сексот, понекогаш на глас изговорените сексуални намери овозможуваат полесно да ги дознаете нивните желби. Но, доколку прашањето за сексот му претходи на прашањето за името, намерата е јасна, интересот е само за сексуалното, а не и за подлабоко ниво.

Не прави жената да се чувствува посебно
Партнерот треба да ја сака жената, покрај него таа да се чувствува најубава, посебна, најпаметна, најпрекрасна жена на светот. Доколку не е така, размислете зошто сте во неговото друштво.

Се јавува само во доцните часови
Ако мажот навистина е заинтерсиран за жената, нема да ја повикува само да му се приклучи на неговото машко друштво во барот, или после полноќ за да провери дали таа е слободна.

Одржува блиски односи со други жени
Иако е неразумно да се очекува партнерот никогаш да не добие нова колешка на работа, учителка по јога, или никогаш да не стекне женски пријател, постојаното дружење со жени е пат до емотивно изневерување. Податокот дали дошло, или не и до физичко неверство, не го намалува значењето на емотивното зближување, кое со време може да прерасне во нешто повеќе од зачестен разговор.

12-zagrizuvacki-maski-gestovi-koi-ne-smeat-da-se-ignoriraat-2

Ги сокрива телефонските повици и пораки
Ако тој чето прима повици среде ноќ, или оди во друга соба за да се јави, веројатно сака да го сокрие идентитетот на личноста со која што комуницира. Неговите оправдувања како „тоа е само стар пријател од факултет“ или „зборував со колега од работа“, не би требало да ја убедат жената. Често пати бројот на скриени броеви е сразмерен со бројот на жени со кои што спиел. Она што го кажува кога го повикуваат анонимни личности, им го кажува и на другите жени.

Не се согласува на фер расправии
Партнерот кој во текот на расправијата, додека ги разменувате аргументите е пемногу насилен, покажува особини на лоша комуникација. Жената никогаш не треба да дозволи мажот да ја навредува и да ја нарекува со погрдни имиња.

Мрзлив е во кревет
Мажите сакаат во текот на сексот партнерката да доминира и да се наоѓа одозгора, бидејќи тоа им дава дополнително уживање. Но, ако тоа се случува многу често или пак е единствената поза во сексот, тоа значи дека тој е мрзлив во креветот. Неактивноста во сексот е особина која повлекува мрзливост и на другите полиња, па партнерот ќе очекува и други работи да се прават наместо него.

12-zagrizuvacki-maski-gestovi-koi-ne-smeat-da-se-ignoriraat-3

Не е самостоен
Врската на двајца луѓе претпоставува дека тие имаат независни животи. Мажот не би требало да очекува партнерката да ја поминува секоја секунда со него. Ако партнерот е премногу врзан, прашање е дали е тоа поради голема љубов или затоа што секојдневно му е потребна нечија помош.

Не е покрај партнерката кога и е најпотребен
Успесите и падовите во животот, доколку се има партнер не би требало да се поминуваат осамено. Раѓањето на дете, смрт на родител и други стресни ситуации би требало да се споделат со партнерот. Изостанокот на партнерот во тешките моменти нема оправдување.

Сè и кажува на својата мајка
Мажите понекогаш и најинтимните детали од врската и ги кажуваат на својата мајка, а тие пак од друга страна, не се двоумат да го кажат своето мислење. Партнерот нема да се срами да соопшти некои работи затоа што тие ги поддржува неговата мајка.

Не ги кажува своите желби и планови
Припаниците на посилниот пол потешко зборуваат за своите чувства и намери. Но, ако премолчува и нeмa желба да ги сподели приказните од детството и работните планови, во врската нешто не е во ред.

Сериозните одлуки ги соопштува по електронски пат
Сериозните одлуки ги соопштува само по електронски пат – на многумина им е полесно работите за кои што не сакаат да зборуваат лице в лице да ги соопштат со порака, мејл, или преку фејсбук. Но, ако партнерот тоа го прави континуирано, знак е дека избегнува директна расправија.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg