Како да се дешифрира говорот на машкото тело
Речиси 90 проценти од своите намери се искажуваат со движења на телото и со тонот на гласот.
Всушност говорот на телото може да открие дали мажот не го мисли она што го кажал или она што го чувствува.
Затоа треба да се обрне внимание на говорот на телото додека тој зборува.
Прва средба
Мажите се очигледни и тоа е првата работа која треба да се има на ум за да се „фатат“ неговите сигнали. Значи, ако гледа во правец на жената, ги поткрева веѓите и се насмевнува, сигурно е дека сака да привлече внимание.
Како да се препознае флерт?
На состаноците мажите главно не слушаат многу што им зборува жената. Но, ако заинтересирано ја гледа во очи, ја допира по раката, или нежно ја допре по грбот, очигледно флертува со неа.
Дали се само пријатели?
Мислите дека мажот ја гледа жената како пријателка? Не е исклучено, бидејќи сите мажи често се однесуваат пријателски и не може да се процени што му значи жената покрај него. Ако е учтив и често ја прегрнува, не се двоуми да погледне во друга жена, тоа е затоа што тој жената до себе не ја гледа како љубовница.
Сигнали во сексот
Ако мажот за време на секс е внимателен и се труди да и угоди на жената во предиграта иако најмногу би сакал да помине на главното, сигурно таа му значи. Но, ако избегнува да ја погледне во очи и не води грижа за нејзините потреби за време на сексот, од него не треба многу да се очекува ниту во врската.
Разговор за врската
Кога со партнерот посакувате да разговарате за вашата врска, прво проверете дали е расположен за разговор. Ако гледа во далечина со скрстени раце и нозе, тој во моментот е отсутен, па треба да се одбере друг момент за разговор. За ваков разговор најдобро е да се искористи прошетка во природа или кафе во омиленото кафуле.
Кога предложува брак
Дури и кога предложува брак, еден од најубавите моменти во животот на секоја жена, треба да се обрне внимание на сигналите кои ги праќа неговото тело. Ако ја гледа жената право во очи и ја прашува дали ќе се омажи за него, самоуверено иако е на колена, тој ја сака жената и смета дека таа е вистинската за него. Ако му трепери гласот, ако се двоуми, а по кажаното „да“ само благо ја гушне, тука очигледно нешто не е во ред,