Прв состанок: Од што најмногу се плашат мажите?
Иако момците сакаат да играат на картата „студен како шприцер“, Д-р Paul Dobranksy, авторот на бестселерот „Тајната психологија на заљубувањето“, тврди дека тие имаат сериозни стравувања пред првиот состанок со девојка.
Тремата е само дел од она како се чувствуваат. Стручњаците откриваат од што најмногу се плашат и како може девојката да му помогне.
Поинакви очекувања
Сите поминале низ истото школо: На состанок бил супер, се однесувал пристојно цело време, ја испратил девојката до дома како вистински џентлмен. Но, подоцна немало повторен повик. Тоа е затоа што се испоставило дека девојката е поинаква одошто ја замислувал. И најмала ситница може да биде причина за сомнеж и причина повеќе да не ја повика девојката на повторен состанок. На пример девојката испила седум коктела иако претходно рекла дека не пие многу. Двоумењето не е пријатно чувство и ова е еден од начестите стравови кај припадниците од машкиот пол.
Како да му помогне девојката: Забавувањето е како еден вид купување: производот мора да одговара на рекламата. Значи иако девојката испила нешто повеќе поради нервоза, мажот тоа поинаку го толкува. Затоа за да му се допадне девојката на прв поглед потребно е да разговараат, тоа ќе ја опушти атмосферата.
Не е единствен?
Ако мажот излезе со девојка од своите соништа, ќе биде многу возбуден, но истовремено ќе чувствува и притисок. Конкуренцијата е пречка која не ја сака. Затоа многу момци поминуваат многу време испитувајќи дали е единствен кој го добива вашето внимание. Тој не сака да излезе глупав или да излезе повреден по средбата со девојката, затоа постојано бара потврда за тоа дали е таа сериозна во своите намери или излегува само поради досада.
Што да прави девојката: Ако навистина е заинтересирана за момчето треба да му поставува дополнителни прашања за да се развие комуникација помеѓу нив.
Физички контакт
Ако првиот состанок помине без било каков физички контакт тоа може да биде многу стресно за момците. За нив во таа категорија спаѓа: стисок на раката, триење со рамениците, танц.. Тој би сакал да ја бакне девојката и потребна му е барем најмала потврда дека до тоа ќе дојде. Затоа ако девојката не го допре, макар и случајно, може да се уништи неговата самодоверба.
Што да направи девојката: Да го иницира првиот контакт. Ако седи спроти него, случајно нека го допре под масата, не сексуално, не вулгарно. Или, ако седат еден покрај друг, да го допре по раката додека разговарат или додека му објаснува нешто. Тоа ќе биде доволен знак.
Без реприза?!
Да, и мажите мечтаат, планираат, па така и пред да се нарача следниот пијалак, тој веќе ќе се прашува дали девојката ќе излезе со него и следната сабота.
Момците им пристапуваат на состаноците како кон работа. Неговата задача е голема: мора да ја импресионира девојката, да го осигура следниот состанок. Ако се поколеба барем за момент дека не е на вистинскиот пат кон целта, тој ќе биде повлечен, несигурен, срамежлив.
Што да направи девојката: Ако момчето не и се допаѓа не треба да размислува како да го охрабри. Но, ако и се допаѓа, тогаш дискретно треба да му даде до знаење што би можеле заедно да прават, да спомнат некое ново кафуле, ресторан кој би сакале да го посетат.... Тоа ќе биде доволно мажот да сфати дека девојката планира уште заеднички излегувања, но тој ќе мора да ја повика и покани. Ако овие теми се спомнат во првата половина од состанокот, мажот ќе биде поопуштен во текот на вечерта.