19 најголеми женски тајни

На припадничките на женскиот пол, редовно им се припишува мистериозноста и чувањето на некои работи само за себе.

19-najgolemi-zenski-tajni

Колку и да се разликуваат помеѓу себе тајните на жените, постојат и оние кои им се заеднички. Откривањето на таинствените навики и постапки на жените ќе им помогне на мажите подобро да ги разберат своите понежни половини.

Жените не се откажуваат од љубовните спомени – без разлика дали љубовното писмо го напишал внимателен и прекрасен маж или маж кој ги изневерил со најдобрата пријателка, жената не ги фрла љубовните пораки. Тие се тука за да ја потсетат на случките од младоста и доброто чувство да се биде сакан, секогаш кога и е потребно внимание.

По малку ги мразат своите партнери – иако се свесни дека за сите проблеми во врската не се криви само мажите, жените се склони кон тоа ним да им ја припишуваат најголемата вина и потајно малку да ги мразат.

Жените се како мумија – сите тие жици, траки, долна облека од најлон и спандекс, ги прави дамите под гардеробата да изгледаат како мумии. Мажите сакаат да ја видат само надворешноста, бидејќи вештите помагала за убав изглед, жените ги сокриваат од нивниот поглед.

Имаат увид во сите онлајн работи – често се случува лозинката на персоналниот компјутер автоматски да се запомни или корисникот по употребата на компјутерот да не се одјави, па на жените им е лесно да откријат како го поминува мажот времето на компјутер. И да не им го олеснуваат мажите пристапот, зарем мислите дека жените не би нашле начин да ги исполнат своите скриени намери?

Секогаш сакаат подароци – кога жената ќе каже дека не сака подароци, најчесто не ја зборува вистината. Припадничките на понежниот пол не можат да се заситат со знаците на внимание, затоа мажи, подарувајте и подарувајте...

Жените сакаат да играат и пеат – додека ги извршуваат домашните работи, жените обожуваат да се претворат во поп дива, да играат и пеат со толку енергија што и Бијонсе би им позавидела.

Тие се големи фантазери – жените уживаат во своите фантазии, им годи да замислуваат дека се гости на некоја прочуена кулинарска емисија или дека омилената љубовна песна е напишана баш за нив.

Долго туширање како спас – ништо не опушта како долгото туширање, кога нема грижа околу децата, телефонски разговори со мајката или миење садови по појадок.

Замислуваат како со „истураат“ бесот – на партнерот, свекрвата и другите кои ги нервираат, жената се свети во замислена жестока тепачка и секогаш победува.

Трошат многу време на размислување за изгледот – ја знаат секоја пора, секој дел од телото затоа што може со часови да се гледаат на огледало.

Купувањето има тајно име – „имам многу работа да завршам“, е фразата која често може да се слушне од жената, а таа всушност има намера да оди на долг повеќечасовен шопинг.

Заљубени се сами во себе – жените сакаат да си припишуваат беспрекорен стил, одлична генетика и неодолив шарм.

Ја сокриваат новата гардероба – кога мажот ќе забележи на жената нова гардероба и ќе ја запраша кога ја купила, таа најчесто ќе каже дека тоа одамна го направила, а мажот е виновен што тоа порано не го забележал.

Сакаат да бидат сакани – Прегратка, бакнеж, порака, сето тоа им годи на жените, иако не сакат да признаат.

Често му се лутат на партнерот – бесни се поради се, ништо реално, но естрогенот е лош непријател за мажите.

Замислуваат дека се главни јунаци во романтични филмови – жените се склони себеси да се поистоветуваат со опасни, продорни женски ликови, за разлика од оние наивните, бидејќи лидерството на сите им одговара.

Го проверуваат профилот на партнерот на Фејсбук – мора да имаат увид во сè што се случува на социјалната мрежа.

Гледаат порно филмови – иако гледањето на овие филмови најчесто им се припишува на мажите, ниту дамите не се имуни на нивната содржина.

Може да бидат многу неуредни – пред мажите се однесуваат како дами, но кога се сами жените сакаат да јадат директно од тегла, да ја лижат внатрешната страна од кесата со чипс или со раце да јадат колачи.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg