7 начини како до повозбудлив секс

Не е доволно само да сакате некого да прегрнете и допрете, потребно е и да знаете каде и како тоа да го направите.

7-nacini-seksot-da-go-napravite-povozbudliv-1Сепак взаемното истражување на телото ќе ви помогне да се зближите и без страстен секс, вели сексологот Џоан Рансинг.

Секогаш прашајте го партнерот кои му се ерогените зони и што сака. Ќе уживате двајцата.

Нема да верувате што се ги возбудува луѓето – од косата, стапалата, папокот, заводливиот поглед... сепак новите пози најмногу можат да ја освежат врската.

Менувајќи ги стиловите на водење љубов, не само што ја растерувате досадата од спалната соба туку исполнувате и многу други физички и емоционални потреби.

Немојте да се оптеретувате со оргазмот

Тоа ќе ви помогне да ги изразите другите аспекти на вашата личност, но и сексуално да се изразите како пар. Доживувањето оргазам може да биде добро или фантастично искуство, но нешто друго навистина ќе ве исполни за време на водењето љубов. Незадолжителното, взаемно истражување на телото ќе ве зближи и без страстен секс. Времето поминато во постела без притисок да доживеете оргазам или воопшто да имате односи ќе го произведе она топло и искрено чувство на близина.

Инвентивниот секс ја разбива монотонијата

Бакнувајте се, смејте се, зборувајте. Ќе почувствувате таква исполнетост во љубовта што нема да ви биде важно дали се' ќе се заврши со секс или не. Се што не е рутина, било да  е нова поза, секс во туш кабина или секс во костум, ќе ја зголеми вашата сексуална самодоверба.

7-nacini-seksot-da-go-napravite-povozbudliv-2

Зелено светло за играчки

Ако сакате да испробате нова секси играчка, немојте да се двоумите. Жените често се загрижени дека нивниот партнер ќе помисли дека тој не им е доволен и се плашат дека ќе ги осуди и ќе ги испрашува од каде им е идејата. Релативно безболен е приодот: „Само што прочитав во едно списание за тоа, зарем не звучи интересно?“ Друг начин да предложите нешто интересно е заедно со партнерот да напишете пет работи кои би сакале да ги пробате, а потоа да ги споредите белешките.

На брзина е многу забавно

Брза и кратка предигра на принципот да го направиме тоа сега и овде е вистински предизвик. Тоа е и ефектен начин да му покажете на партнерот дека во вашата врска има оган. Убавината на брзиот секс е во тоа што не е планиран. Ако наутро со кафе не е баш... нека биде пред вечера.

После кавга е најстрастно

Сте се скарале и се што сакате е еден на друг да си ја соблечете облеката и така што побргу да ги заборавите лошите работи. Никој не вели дека треба да се карате, но од време на време здравата и ненасилна расправија, во која двете страни ги покажуваат своите чувства и мислења, може да биде искуство кое спојува.

Преземете иницијатива

Сепак, без разлика на тоа колку е добар сексот на смирување, самиот тој чин нема да ја реши причината за кавга. Затоа е најдобро по сексот да преспиете па следното утро одморени да го решите проблемот. Преземањето иницијатива може да биде многу стимулативно, како за вас така и за партнерот. Тоа е одлична можност да ги изразите своите желби. Кога знаете што сакате и не застанувате додека тоа не го добиете, сигурно ќе ги задоволите своите сексуални потреби, па така ќе го зголемите и уживањето.

Дајте упатства

Пред да влезете во спалната соба, детално размислете како сакате да доминирате над вашиот партнер. Тие визии може да бидат најразлични – од тоа вие да бидете одозгора, до тоа само да му ги врзете очите.  Пред да ги придвижите работите, можете да ги поделите фантазиите со саканата личност. Кога имате одредена визуелна слика во главата, тоа дополнително ќе ве инспирира да ја претворите во стварност.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg