Машки фрази при раскинување

„Не е до тебе, јас сум во прашање“, „Ми треба време за себе“, „на работа е лудило“…

maski-frazi-pri-raskinuvanje

Дали некогаш сте се запрашале што навистина мислат мажите кога ви кажуваат некоја од овие фрази при раскинување?

Еве што велат експертите, но обичните момци.

Кога вели: „Не е до тебе, до мене е“.

Што мисли всушност?

- Ова значи само едно: „До тебе е“ – вели Scott Haltzman, еден од авторите на книгата „Тајните на среќно оженетиот маж и тајните на среќно мажената жена“

- Не сте по негов вкус и време е двајцата да продолжите понатаму, но одвоено. Вакви реченици се чуваат за жени кои на мажите им се драги, за да останат со нив пријатели – објаснува Rick Blaiser, писател од Њујорк.


Кога вели: „Ми треба повеќе време за себе“.

Што мисли всушност?

- Вие го излудувате. Да, мажот се гуши во врската, но добра вест е што тоа можеби и нема врска со вас. Многу мажи ја сакаат независнота, а кога ќе почнат да чувствуваат дека ја губат автономијата, го прават истото што и животните во кафез – се обидуваат да избегаат – вели Haltzman.

- Вашата врска можеби се одвива премногу емотивно з анегов вкус, или можеби премногу често се гледате, сугерира L. Joan Allen, автор на книгата „Право сфаќање на љубовта: Од ќорсокак до сродна душа“


Кога вели: „На работа е лудница – сега немам време за врска“.

Што мисли всушност?

Жал ни е, но тој едноставно не е со вас.

- На работа може да биде напорно, но ако сте му важни, ќе најде време да ве угрли во својот густ распоред, тврди Haltzman.

Многу презапослени мажи успеваат да ги ускаладат кариерите со бракот, како на пример Доналд и Меланиа Трамп или Мишел и Барак Обама, па и безброј други познати личности кои успеваат во тоа покрај будното око на медиумите.

Запрашајте се ова: „Кога Хали Бери или Шарлиз Терон би тропнале на вратата од вашето момче и порај неговиот густ распоред, дали би ги избркал?“

Ако одговорот е не, тогаш запрашајте с езошто може да најде време за нив, а не и за вас.


Кога вели: „Мислам дека треба да гледаме и други луѓе“.

Што мисли всушност?

Сака да се гледа со вас, но би се забавувал и со други жени. Еве како го објаснува тоа John Brown, сценарист од Калифорнија.

- Кога мажот ќе каже дека мисли би требало да се гледате и со други луѓе, тој всушност испитува дали би му дозволиле да спие со други жени.

John Brown вели дека мажот и понатаму мисли дека вие сте привлечни без разлика што го привлекуваат и други девојки, ако не е така тој би ја прекинал врската.


Кога вели: „Премногу си добра за мене“.

Што мисли всушност?

Не ви е рамен во ништо и свесен е за тоа. Кога ќе ви акже дека заслужувате подобар маж од него, бегајте.

- Повеќето луѓе се преценуваат. Ако момчето ви каже дека не вреди да се трудите околу него, веројатно е во право. Поверувајте му и заблагодарете се што ве спасил од лоша врска - советува Haltzman.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg