11 лекции за раскинувањето кои ги научивме од романтичните комедии

После крајот на секоја врска доаѓа период на тажење, плачење, вртење на стари муабети низ главата одново и одново, липање на тажни песни или песните што ви биле заеднички.

11-lekcii-za-raskinuvanjeto-koi-gi-naucivme-od-romanticnite-komedii

Секој тагува на различен начин, некој подолго, некој пократко, но по некое време треба да се вратите во нормала.

Еве 11 филмови кои имаат интересни поуки во врска со раскинувањето.

1. Forgetting Sarah Marshall

Дајте си време да тагувате (но, не премногу време!).

Откако Сара Маршал ќе му раскине на нејзиниот долгогодишен дечко Питер, тој поминува голем дел од филмот носејќи тренерки, плачејќи, пеејќи самосожалувачки и песни полни со омраза. И знаете што? Тоа е ОК. Но, на крајот тој се средува и почнува да ја пишува својата опера за Мапетот Дракула, и вие треба исто.

2. High Fidelity

Направете листа за тоа што не чинело во вашата врска.

Пред да се појават носталгијата и среќните сеќавања, превземете го стилот на Роб Горден и запишете го сето она што тргнало наопаку. Ќе добиете екстра поени ако во позадина ви свири одличен саундтрак.

3. Eternal Sunshine of the Spotless Mind

Ослободете се од се што ве потсетува на врската.

Иако не може целосно да го избришете од меморијата вашиот бивш партнер како што направи Џоел во Eternal Sunshine of the Spotless Mind, фрлете ги сите предмети што ви будат спомени. Ако сакате да ги зачувате, барем тргнете ги од вашиот видик.

4. Celeste and Jesse Forever

Бидете на дистанца.

Откако Селест и Џеси раскинаа, тие мислеа дека можат да бидат најдобри другари како и претходно. Грешка. Откако вашата врска ќе заврши, и на двајцата ви е потребно време и простор да се реорганизирате.

5. Sex and the City

Опкружете се со пријатели.

Кога свршеникот на Кери, Ѕверка, кој се плаши од обврски, ќе ја извиси на денот на нивната венчавка, нејзините најдобри другарки Шарлот, Саманта и Миранда се тие кои ја вратија повторно на нозе. Потпрете се на вашите пријатели кога се чувствувате тажни и осамени.

6. (500) Days of Summer

Бидете реални.

Том Поминал толку време размислувајќи дека Самер е неговата девојка од соништага, што дури не ја ни слуша кога таа му кажува дека не верува во вистинска љубов. Само затоа што сакате некој да биде ваша сродна душа не значи дека таа личност е онаа вистинската.

7. Crazy, Stupid, Love

Почестете се со преобразба.

Можеби го немате на располагање жешкиот Рајан Гослинг за да ви даде преобразба што ќе ви ја подигне самодовербата како неговиот лик Стив Карел, но тоа не значи дека не можете да се разгалите со малку шопинг терапија.

8. The Holiday

И на Аманда и на Ајрис им треба пауза од проблемите со момчињата па затоа си ги менуваат живеалиштата и наоѓаат љубов во новата околина. Кој знае? Направете го истото и можеби и вие ќе си најдете некој што личи на Џуд Ло додека сте на одмор.

9. Bridget Jones’s Diary

Обидете се да се состанувате со Добриот дечко.

Ако сте по типовите кои се, да речеме, лоши момци, како што е случајот со Бриџит Џонс, обидете се да излезете со некој поинаков тип. Секако, ликот на Хју Грант, Даниел Кливер, е жежок и симпатичен, но Марк Дарси е оној што на крај останува со неа.

10. The First Wives Club

Успехот е најдобра одмазда.

Кога жените што ги играат дамите од Клубот на првите жени се обидуваат да им се одмаздат на нивните бивши мажи-прељубници, завршува со драма. Но, кога ќе ја вложат нивната енергија во основање на хуманитарна организација за да им вратат во иста мера на нивните сопрузи, тие наоѓаат вистинска среќа и победуваат во војната по разводот.

11. Legally Blonde

Зададете си поголеми, подобри цели.

Земете пример од Ел Вудс: По раскинувањето тајмингот е совршен да бидете себични. Најдете потенцијал во нешто што не сте ни знаеле дека сте можеле да го направите - без разлика дали е нешто големо како да учите право на Харвард или учење на нова техника на “наведнување и исправување(bend and snap)” за да го привлечете момчето од брзата достава.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg