Истовремен оргазам!
Со години во сексуалното искуство не сте доживеале истовремен оргазам? Веројатно се прашувате зошто, а одговорот е многу едноставен, не сте биле опуштени!
Немојте да влегувате во истовремен оргазам под притисок
Истовремениот оргазам кај многу парови е реткост. Обично се случува спонтано, но за тоа двајцата партнери треба да се потрудат. Секако, убаво е да се доживее, затоа што возбудата кај двајцата рамномерно се зголемува и завршува, но со сила тоа нема да може.
На истовремен оргазам никогаш немојте да се присилувате, тоа го „убива“ сексуалното уживање или создава тензична атмосфера. Во таков случај оргазмот може да се случи да го одглумите, а не да ја доживеете неговата сласт.
Подобро препуштете му се на текот на случувањата и обидете се да го впиете секој момент од сексот, без притисок за тоа што ќе се случи. Опуштеноста обично е клучен момент за доживување на истовремениот оргазам.
Кога може да се доживее истовремен оргазам?
Истовремениот оргазам може да се случи кога партнерите добро се познаваат и знаат како ќе одговори другиот на одредена дразба, положба или пенетрација. Обично на жените им треба подолго време за да доживеат оргазам.
Кога мажот е многу возбуден, оваа разлика е уште поголема. Мора добро да се познава и сопственото тело за да знаете во која положба ќе ви е најубаво. Кога ќе постигнете склад, кога ќе знаете да го подигнете или спуштите нивото на возбуденост, тогаш ќе се сретнете на заедничкиот оргазам.