4 љубовни совети од филмовите на Вуди Ален
Иако впечатокот за другите личности го создаваме уште по првите неколку секунди, реално, потребно е малку подолго време за да се запознаеме подобро и откриеме колку си одговараме.
Врските на почетокот се набиени со хемија и желба да оставиме најдобар можен впечаток кај партнерот. Комбинацијата на хумор, интелигенција и труд, ќе го направи секој состанок забавен.
Вуди Ален љубовната тематика ја провлекува низ многу од своите филмови, па ние одбравме неколку совети од кралот на сатиричните комедии:
1. Имајте на ум дека мажите и жените размислуваат различно ("Annie Hall"):
Сите на почетокот се обидуваме да се покажеме во најдобро можно светло. Најважно е во овој период да се обидете да ја препознаете разликата помеѓу она што партнерот ви го кажува и она што реално го мисли. Сцената од оваа романтична комедија, на духовит, но крајно реален начин покажува што ни се врти низ главата кога некој ни се допаѓа.
2. Бидете реални ("Whatever works"):
Иако би сакале да пронајдеме совршени партнери, често мора да се задоволиме со поскромен избор. Затоа треба да ја исфрлите површноста и да почнете да гледате кој ви одговара интелектуално и емотивно. Лери Дејвид го завршува филмот со пригоден говор со кој објаснува како да пронајдете љубов и среќа.
3. Не очекувај сè да оди по планот ("Play it again, Sam"):
Добриот тајминг и хемијата се најдобри можни фактори за успешен почеток на љубовната врска. Кога излегувате со некој кој ви се допаѓа, секогаш сте добро подготвени. На ум треба да имате и дека не може секогаш се да оди по план и во тој случај да имате решение и план Б. Што би се случило кога тој би се појавил ненајавен пред вашата врата?
4. Верувајте во тоа дека „сè добро ќе се заврши“ ("Manhattan").
Во врските правиме грешки заради кои подоцна може да зажалиме, но никој од нас не е совршен па со самото тоа не може да биде ни нашата врска. Но, не треба да очајувате и да губите надеж. Останете позитивни и верувајте во добар крај – ова е темел за квалитетен однос.