5 работи кои мажите ги бараат кај жената
Ниту на мажите не им е лесно кога е во прашање љубовната романтика. За полесно да се разберат, еве список од пет работи кои тие ги очекуваат од идната партнерка.
Внимание
Не гледајте во телефонот, или мониторот додека тој нешто вам ви зборува. Било да зборува за деловни идеи, доживувања од тековниот на ден – тоа ви го кажува бидејќи му значи вашето мислење. Затоа посветете му внимание. Сè што му е нему важно е да го има и вашето внимание.
Искреност
Вистината во разговорот беспредметно се очекува. Дури и најситните детали се важни. Ако не ви се допаѓа некое јадење кое тој ви го порачал – кажете. Не останувајте нејасни ниту во една ситуација. Ако работите секојдневно се туркаат под тепих, ќе создадете куп нерешени ситуации.
Постојаност
Мажите се подготвени потполно да и се „предадат“ на саканата жена, да вложат многу енергија и пари за да ја направат среќна. Од партнерките за возврат очекуваат стабилност и лојалност.
Позитивност
Кога сте во врска или брак со својот избраник делите: кревет, бања, кујна, приајтели, семејство... Тие сметаат дека позитивниот став е најдобриот пристап во животот, што е вистина, иако делува едноставно не е лесно да се спроведе во дело. Помислете дали би пиеле кафе со некој од своите негативни пријатели кои постојано се жалат? Со таква личност сигурно не би сакале да го делите животот.
Љубов
Мажите очекуваат да ја делат љубовта со жената. Парите може да се заработат, но за нив жената е синоним на емотивна сигурност и исполнетост. Затоа во врската очекуваат безусловна љубов. Ништо повеќе.