Препознајте вистински џентлмен и љубовник
Иако на жените им се повеќе интересни „лошите момци“, незаборавниот маж го откриваат мали гестови, погледи и допири.
Хемијата надвор од креветот покажува каков ќе ви биде сексот... Џентлменот надвор од креветот ќе знае да ве задоволи, а мажот кој ве држи за рака во сексот не се става себеси на прво место.
Најдобар секс е оној кога се чувствувате слободно затоа што знаете дека партнерот ве цени. Ваквиот маж често дели комплименти за сè што ќе забележи и ќе му се допадне.
Ако поради начинот на кој што ве гледа се чувствувате паметно, секси и атрактивно, можете да знаете дека и во креветот ќе бидете сексуално компатибилни.
Обрнете внимание на неколку знаци кои ќе ви покажат дека мажот во кој сте се вљубиле е оној со кого ќе делите силна сексуална хемија и кога светлата ќе се угасат.
Џентлмен надвор од креветот и во креветот
Во сексот се важни две мали работи. Ако партнерот ви отвора врата, ви го извлекува столот, ве бара само за да ве слушне како сте – дали е џентлмен? Ако одговорот е „да“, бидете сигурни дека исто ќе се однесува и во креветот, а ако себеси не се става на прво место, туку се интересира за вашиот ден, оди со вас во вашиот омилен ресторан... вие ќе му бидете приоритет и во креветот.
Сензуалните типови знаат каде да ве допрат
На добриот љубовник сензуалноста му е важна и надвор од креветот. Ако се гледате со маж кој во ресторанот преку маса ви ја допре раката, ве држи за рака додека се шетате, или ви го допре грбот додека поминувате улица, ќе биде сензуален и во сексот и ќе знае да ве допре на вистинското место.
Почекајте и сексот ќе ви биде многу подобар
Мажот кој се интересира повеќе за вашето тело отколку за вас како личност, ќе брза да ве однесе во кревет. Вистинскиот љубовник нема да ве тера во кревет што е можно побргу и ќе го почека вистинскиот момент, а стручњаците велат дека колку повеќе чекате, сексот ќе биде подобар бидејќи желбата е поголема.
Ако ви вели: „Ќе почекаме уште малку“ или „Не мораме да брзаме“, тој е вистинскиот.
Барате знаци за добар партнер
Хемијата надвор од креветот многу покажува за тоа каков ќе биде сексот. Ако се чувствувате посакувано и атрактивно и надвор од спалната соба, сигурно имате добра сексуална хемија со новиот партнер, па барајте знаци во вербалната и невербалната комуникација која ќе ви гарантира одличен секс кој ќе се помни, советуваат стручњаците.