Прва недела по раскинувањето: Како да се однесуваме?
Крај или почеток?
Секое раскинување различно се доживува, но едно е сигурно: првата недела е секогаш најтешка. Авторите на книгата "Dumped" советуваат како треба да се однесуваме додека е сè свежо:
Исплачете се до крај
Ако морате да плачете, исплачете се како што треба. Воздржувањето од плачење никому не му помага, а ако ги чувате за подоцна, ќе биде уште потешко.
Разгалете се
Слушајте го своето тело и правете го она што ви го говори: топла купка, табла чоколадо, или било која друга форма на уживање ќе ви помогне да си дојдете на себе.
Немојте да му/и се јавувате!!
Ова е многу деликатно време, ако мислите дека со повикот ќе си олесните – нема. Повикот само ќе ве вознемири, дури би можеле и да се скарате, а потоа ќе посакате да го избришете бројот од телефон.
Речете си „да“ за сè
Испробајте нови работи кои од секогаш ве привлекувале. Наместо да седите дома и да плачете, опкружете се со позитивни луѓе и исполнете го времето со активности кои ќе ве натераат да заборавите на тагата.