Митови и вистини за сродните души
Кога еднаш ќе ја пронајдете својата сродна душа, време е да почнете да размислувате за митовите со кои сме секојдневно опкружени. Убав почеток се случува сам од себе, но одржувањето на врската со личноста која вистински ја сакате може да се покаже како тешка задача.
Животот не е бајка, па така и кога се работи за сродна душа можеби нема да го најдете баш она што сте го очекувале. Очекувањето митовите да станат реалност преставува најголема грешка, која дури и вашата сродна душа може да ја оддалечи, а на крајот дури и да ја избрка од вас и да останете сами со размислувањето што тргнало наопаку и како сте можеле тоа да го избегнете.
Еве неколку митови за сродните души од кои мора да се ослободите пред да и наштетите на вашата врска:
Врската со сродна душа успева сама од себе
Без разлика дали сте ја пронашле својата вистинска љубов или не, секогаш е тешко некоја врска да успее. Врската со својата сродна душа никогаш не треба да се зема здраво за готово, иако има тенденции таа да ве опушта и да ве носи во позитивни промени на вашиот живот.
Луѓето кои мислат дека ја пронашле својата вистинска љубов помалку се трудат да ја сочуваат својата врска од оние кои сè уште копнеат по вистинска љубов. Склони се да заборават дека во секоја врска и е потребна приврзаност и труд за да ги надмине неочекуваните животни околности.
Одлуките кои ги донесувате во сегашноста ќе ја одредат иднината на вашата вистинска љубов. Потребно е многу време и енергија, но вложувањето во себе и посветеноста сигурно ќе се исплатат.
Во вистинската љубов нема судири
Не верувајте во митот дека врската помеѓу сродни души функционира без судири. Судирите и помагаат на вашата врска да израсне и созрее во нешто позначајно. Луѓето се склони кон расправии, а за караница секогаш се потребни двајца.
Кога навистина ќе почнете да го запознавате партнерот, можете и да се запрашате каде ја снема нмагијата на вашата врска. Тој/таа може да има навики кои ве нервираат или некои постапки може да ве наведат да ја преиспитате својата верба во вистинска љубов, но тоа не значи дека сте одбрале погрешна личност, ниту дека треба да ја прекинете врската.
Ако се обидете да разговарате со партнерот за работите кои ви пречат, ќе се изненадите кога ќе видите дека така жарот на вашата љубов уште повеќе ќе се распламти. Ставете се во негова/нејзина положба и замислете го светот од тој агол. Судирите не значат дека врската не ви е здрава, туку само истакнуваат дека се работи за двајца кои имаат различни верувања и погледи и кои се во состојба да се прифатат онакви какви што се.
Никогаш крај на романтиката
Ако мислите дека секој ден кој што го поминувате заедно ќе биде онака волшебен како на почетокот, веројатно не сте подготвени за својата содна душа. Вашата сродна душа е човечко суштество, а не лик од бајките кој постојано ве опсипува со подароци и романтични гестови.
Луѓето мораат да живеат во реалниот свет, што значи мора да работат и да ги извршуваат социјаните обврски. Вашиот партнер не може целото свое внимание до крајот на животот да ви го посвети вам.
Мора да продолжи да го живее сопствениопт живот, па затоа очекувањето на романтични гестови на секој чекор преставува огромна грешка.